Skip to main content

Заврши осумгодишниот пост во ловењето со блинкер

Почнувајќи од изминатиов викенд, дозволен е ловот и на пастрмката и на останатите ендемични видови на риба во Охридското Езеро.

 |  Мишел Наумоски  | 
ribarenje
рибарење

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, сигурен дека доделувањето на концесиите за рекреативен и стопански риболов ќе помогнат во зачувувањето на рибниот фонд. Министерот призна дека навидум тоа изгледа контрадикторно, но смета дека тоа е вистинскиот начин не само за соочувување, туку и за проширување на рибниот фонд во езерото.

Dimovski Hidrobioloshki„Дојдовме до констатација дека постоечката ситуација е неодржлива и дека е потребно сепак да има еден организиран начин на рибарење би реков во Охридското Езеро, во водите на Охридското Езеро, но тоа да биде комбинирано. Значи да има, да се издаде согласност за вршење на рекреативен риболов, но паралелно со таа концесија да се одобри и концесија за стопански риболов.“-рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.

Со слично размислување се произнесе и првата дама на Хидробиолошкиот Институт од Охрид, Сузана Патчева.

„Хидробиолошкиот Институт од Охрид ја изработи риболовната основа и стручните лица кои што се вклучени во неа сметаат дека со давање под концесија на езерото, ќе биде подобра заштитата на охридската пастрмка и на другите ендемични видови на риба кои што се загрозени во моментот.“-вели Сузана Патчева-Директор на Хидробиолошки Институт-Охрид.

minister Ljupco DimovskiВо насока на одржувањето на рибниот фонд, Хидробиолошкиот институт во текот на денешниот ден изврши ново порибување со околу 120.000 парчиња риба, но додаваат дека вакви порибувања во текот на овој месец ќе има во повеќе наврати. Со доделувањето на концесијата за стопански и рекреативен риболов, повторно после осум години пост, се активира блинкерот на Охридското Езеро. Концесионерите од „Охридска пастрмка 2012“ задоволни од уловеното.

„Можам да кажам дека бројките за тоа колку е уловена риба се задоволителни бидејќи осум години беше забранет блинкерот. Со тоа што повеќе се пушта блинкерот и што повеќе се даваат дозволи, сигурно ќе имаме раздвижување на рибата и дека се повеќе охриѓани ќе можат да фаќаат риба.“-изјави стопанскиот концесионер, Ристе Танасоски од „Охридска пастрмка 2012“.

Танасоски додава дека иако досега интересот за ловење со блинкер е голем, тој очекува во првата половина на Октомври тој интерес да биде уште поголем.

{loadposition content9}