Одложен судскиот процес за спорот – „Пливалиште“
Дел од бранителите и обвинетите беа инфомирани за одложувањето, но дел од нив не. Причина, најверојатно поклопувањето на датумот од несреќата 11 ти септември, која се случи пред две години на шанкот на Пливалиште каде од струен удар загинаа тројца стружани.
Повторно одложен претресот за случајот Пливалиште, Струга. Поклопувањето на датумот со несреќата, 11 ти септември, најверојатно е причината поради која дојде до одложувањето. Дел од бранителите уредно се појавија на закажаниот претрес не знаејќи дека е одложен, бидејќи не биле информирани до овој момент, додека пак дел од нив не се појавија, веројатно знаејќи за одлагањето на претресот. Според Димитрија Цобоски адвокат на Гоце Јанески, на денешниот претрес главен збор требало да има вештакот Чундев, поточно да одговори на неколку прашања битни за расветлување на мистеријата, „кобен шанк“, во комплексот Пливалиште.
„Денешниот претрес беше закажан на денот на двегодишнината од трегедијата од објективни причини судот не можеше да го одржи рочиштето одложено е за 02.10. годинава, поконкретни информации можете да добиете од судијата кој постапува по предметот. Нови вештачења нема, определено е да се изврши дополнителен распит на вештото лице за определени околности“ вели Цобоски.
Судскиот предмет за спорот Пливалиште беше вратен на повторно судење откако Апелациониот суд во Битола ја укина претходната пресуда и ја уважи жалбата на бранителите на обвинетите Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески. Одговорноста треба да се утврдува на секој од нив поединечно за кривичното дело за кое се товарат, „предизвикување тешки дела против општата безбедност“.
Само за потсетување, несреќата се случи на 11 септември 2010 година на шанк во комплексот Пливалиште, каде од струен удар настрадаа Јосиф Докоски, Киро Ѓоргоноски и Јоско Кувенџиески, сите граѓани на Струга.
{loadposition content9}