Бројот на децата кои загинаа при уривањето на училиштето во Хаити е 90
Бројот на децата кои загинаа при уривање на училиште во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс е 90, јавија локалните медиуми.
| Крсте Голабовски | Свет
урнатини
Бројот на децата кои загинаа при уривање на училиште во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс е 90, јавија локалните медиуми.
„Голем број од жртвите остануваат затрупани под урнатините. Камерите откриваат тела под урнатините, но не можеме да ги извадиме, бидејќи е тешко“, изјави претставник на спасувачките тимови.
Сопственикот на училиштето беше уапсен. Дел од родителите и локални лица го обвинуваат дека го изградил и проширил училиштето без потребните дозволи.
Три дена по трагедијата точниот број на ученици што се под урнатините не може да се прецизира. Околу 150 деца беа хоспитализирани. Податоците на медиумите се дека во училиштето во момент на уривањето имало од 500 до 700 деца и наставници.
{loadposition content9}