Skip to main content

Наскоро Здружение на приватните електорнски медиуми во Македонија

Причина за негово основање, наталожените проблеми во медиумската сфера.

 |  Голабовски Крсте  | 
radio
радио

Новото здружение ќе се вика „Мак Медиа“, а за само еден ден идејата за формирањето доби  поддршка од  дваесет и два медиуми од Охрид, Струга,  Кичево, Битола, Прилеп и Македонски Брод.
Одржан иницијативен состанок за формирање на Здружение на приватните електронски медиуми на Република Македонија. Новото здружение ќе се вика „Мак МЕДИА“, а според иницијаторите, цел на неговото формирање ќе биде решавање на наталожените проблеми во медиумската сфера.  Сашо Митаноски директорот на „Супер радио“ вели дека ницијалната каписла за создавање на ова здружение, беа новите барања за наплата на авторски права од страна на здружението „ММИ“.

radio„Она што беше конкретен мотив за да се започне една ваква иницијатива, беше барањето на последното здружение, наречено „ММИ“, за како што ние ги викаме двојни авторски права, а тие велат дека не биле двојни, но ние ќе добиеме две фактури“ вели Митаноски.

Митаноски објаснува дека на одржаниот иницијативен состанок, заеднички заклучок бил дека медиумите немаат проблем со плаѓањето на авторските права. Мора да плаќаат авторски права, што и стои како обврска при добивање на лиценцата за работа. Но, Митаноски прашува зошто да се плаќа на две места? Тарифникот на ММИ, за авторски права повеќе изгледа како список на желби, вели тој и објаснува дека во моментов ЗАМП наплаќаат 4% од вкупниот приходот на медиумите, ММИ од 2-4% од вкупниот приход на медиумите, што во иднина ќе значи и клуч за голем број од медиуми во нашата земја, потенцира Митаноски. Голем е бројот на проблемите и предизвиците за приватните медиуми, со кои ќе се обидат да се фатат во коштец, објаснува Митаноски.

Saso Mitanoski„Многу проблеми се пред нас, многу предизвици, еден од поголемите ќе биде дигитализацијата, која е закажана за следната година, каде на удар први ќе бидат телевизиите, па следни сме и ние радијата“додава тој.

Инаку  идејата за  формирање на здружението за само еден ден доби  подршка од  22 медиуми од Охрид, Струга,  Кичево, Битола, Прилеп и Македонски Брод, а намерата е да се приклучат и медиумите од источниот дел на Македонија со кои веќе се воспоставени првите контакти, се со цел потесна соработка и на полето на размената на информации, вести, но и програмски содржини и конкретна соработка на полето на маркетингот.

{loadposition content9}