Skip to main content

Упад во стан

Синоќа неколку минути после полноќ, на улицата Карпош Војвода во познатата социјална зграда, лице добро познато на полицијата влегло во стан и на сопственичката и  одзел пари, документи, пасош, возачка исправа и лична карта.

 |  Николоска Биљана  | 
socijalna
социјална

Провалник искористил згодна прилика и извршил упад во стан додека во него спиеле три малолетни деца. Вратата од станот била отклучена, така што провалникот  при влегувањето ги одзел клучевите од влезната врата на станот, како и клучот од главната врата на зградата. policijaСопственичката на станот за овој настан веднаш ја известила полицијата, така што екипа на СВР веднаш по пријавувањето  пристигнала на лице место на упадот и извршила увид. Видно вознемирена мајката на трите малолетни деца, поради објективни причини не сакаше да зборува пред нашата камера, но рече дека провалникот и одзел 800 денари кои и биле последните пари што и останале од надоместокот кој го добива како постојана парична помош од државата и до 5 ти следниот месец буквално ќе остане без пари за леб. Исто така личните документи и биле повеќе од потребни посебно овој месец, бидејќи една од нејзините ќерки треба да оди на задолжителен преглед поради сериозно заболување. Таа од службите на СВР бара ургентно да делуваат и во најкус можен рок да и ги вратат личните документи бидејќи нема пари за да извади нови. Случајот го потврди и СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски, вели дека од нивна страна делувале веднаш и врз основа на оставените траги се работи на откривање на идентитетот на сторителот.

{loadposition content9}