Skip to main content

Успешна туристичка сезона за струшката ривиера

Рецептот, збогатена гастрономска понуда и богата со содржини туристичка понуда со која се се зголемува анимацијата на гостите, но и малку поинаква целновна политика со која се привлекоа и македонските туристи.

 |  Голабовски Крсте  | 
plaza
плажа

И додека секторот за туризам при Општина Струга сеуште ги обработува податоците за тоа како измина оваа туристичка сезона, хотелските работници од овој град задоволни ги тријат рацете. Хотелиерите се фалат дека од месец мај до октомври работеле со исполнетост од 80%, а 85% од гостите кои уживале на струшката ривиера биле странски гости. Ана Јанчева од „Хотел Дрим“ вели дека тајната на успехот се состои во богатата со содржини туристичка понуда, како и анимирањето на гостите за време на нивниот престој. Секако не смее да се заборави и збогатувањето на гастрономската понуда, додава Јанчева.

Drim„Доведовме шеф на француска кујна кој ни го подобри нивото на услугата во хотелот, ни донесе нови рецепти и успеавме барем според реакциите на гостите да се доближиме до нивните вкусови, значи да имаме не само традиционална македонска кујна туку и интернационална се со цел да се доближиме ние како хотел до вкусот на напите гости“ објаснува Јанчева.

Голема улога за ваквата успешна сезона за хотелиерите од Струга одигра и малку поинаквата ценовна политика со која се привлекоа и македонските туристи. Јанчева објаснува  дека намерата им била само да се надмине впечатокот дека Охрид е најскапата туристичка дестинација, туку тој да стане дестинација која ќе може да си ја дозволат и  македонските туристи и  да може да си дозволат барем еден викенд да минат на охридското крајбрежје. Така цените се поделени по сезони и со тоа се одржува конкурентноста на хотелиерите не само на македонскиот туку и на странските пазари. Но, за успешна сезона преку целата година, недостасува уште работа, додава Јанчева.

Drim„Мислам дека на охридското крајбрежје недостасува анимација за време на зимскиот период. Ние можеме да се пофалиме со добра исполнетост од мај-октомври, но сепак остануваат уште 5 месеци од годината, кои треба да се исполнат бидејќи ние сме голем капацитет и нас ни се потребни и тие резервации. Мислам дека недостасува анимација во зимската сезона, недостасуваат велнес центри, спа центри, како ние би можеле да ја зголемиме напата понуда и да станеме атрактивни во текот на целата понуда“, потенцира Јанчева.

Од Хотел Дрим велат дека туристичката сезона за нив продолжува до октомври месец, поради продолжениот престој на холандските туристи. Во никој случај не смее да се запостави и почетокот на сезоната на т.н конгресен туризам која би требало да трае до новогодишните празници. Но ова не е целосната слика за тоа како мина туристичката сезона во соседна Струга. За тоа каква беше исполнетоста на приватните капацитети, ќе мора да почекаме од секторот за туризам, од каде суште не излегуваат со официјални информации.

{loadposition content9}