Се одбројува до отворањето на новиот дел од охридската болница
Се гледа крајот на изградбата на охридската болница. По се изгледа таа ќе биде свечено орворена на празникот Св. Климент. Охриѓани ќе добијат современ болнички комплекс по европски стандарди.
Се одбројува до отворањето на новиот дел од охридската болница. По се изгледа охриѓни на денот на нивниот патрон, 8-ми декември ќе бидат сведоци на свеченото отварање на долгоочкуваната здравствена установа. Портрпаролот на болницата, Д-р Сашо Василевски вели дека се на добар пат да го исполнат ветеното бидејќи привршуваат надворешните зафати на болничкиот објект, а започнато е и внатрешното уредување. Деновиве се инсталира најсовремена електронска инсталација, а болницата според планот ќе функционира како еден мини робот, објаснува д-р Василевски. Таа се прави по највисоки европски стандарди по теркот на болницата во Базел.
На првиот кат од новиот оддел ќе биде сместено хируршкото одделение, на горниот се гинекологија, уво грло и нос, а одделението за неонатологија ќе биде сместено во еден нов простор од 900 м2. Анестезиологија и 5те хируршки сали ќе се наоѓаат на третиот кат. Општата болница пред шест месеци стана регионална болница каде ќе се лекуваат пациенти од Струга, Дебар,Кичево, Мак брод и Демир Хисар. Со тоа, вели Василевски, се зголемува потребата од нов кадар. Во минатите 15 години воопшто не е работено на кадровското екипирање.
Василевски објаснува дека во догледно време кога ќе се отвори новиот болнички дел се планира да се примат 15тина нови лекари, 6-7 специјалисти и 15 до 20 медицински сестри. Тој додава дека новиот простор, современата апаратура ќе бара и соодветен кадар како би се постигнале врвни резултати во охридското здравство.
{loadposition content9}