Исфрлени на улица
Мајка со три деца, исфрлена на улица. Ако минувате по ул. Карпош Војвода сигурно ќе ја забележите, Медие Далип од Охрид која со нејзините деца по цел ден е на детското игралиште. Доцна во ноќта се прибираат во подрумите на социјалната зграда која е во непосредна близина, каде и преспиваат.
Охриѓанка со три малолетни деца исфрлена на улица. Медие Далип четири дена живее под отворено небо на детско игралиште во близина на социјалната зграда. Преспива во подрумите на зградата, јаде од народната кујна и ако некој нешто и поддаде, а нејзините ќерки пишуваат домашна работа на клупите од игралиштето. Медие Далип раскажува дека партнерот со кого живеела 8 години по смртта на нејзиниот сопруг, без причина ја избркал од станот.
„Јас со него заедно живеам 8 години, јадиме, пиеме заедно трошиме, се сложуваме, се случува и да се скараме,заедно одиме на работа и наеднаш не избрка, јас незнам каде да одам сега, немам имот, немам куќа, ништо немам во градот и во социјално знаат дека живеам со него со моите деца, знае и полицијата сите знаат јас немам проблем“-вели Далип.
Медие вели дека не може да свати како може човек да биде толку суров кога и неговата судбина е лоша. Додава дека нејзиниот партнер, кој е дете без родители, треба да знае колку е тешко кога си сам и напуштен од сите и без ничија поддршка.
„На ова ладно се бркало, греота се децава и јас да спијам пред зграда во подрумиве немам каде да се капам децава ми учат за на школо, за јадење тешко се снаоѓаме, децава се појвеќе гладни, земам нешто пензија и за децава надомест. Заедно ги трошевме, ова не е убаво вака што направи“-кажува Далип.
Медие бара спас од надлежните. Вели дека здравјето и попушта од натруапните проблеми, но поради децата мора да се бори со суровиот живот. Се плаши од предстојната зима и студ. Таа се надева дека денешниов прилог ќе допре до луѓето вработени во релевантните институции, како би можеле сериозно да се ангажират и да и помогнат на оваа мајка со три малолетни деца.
{loadposition content9}