Вевчани пред јавноста
„Вевчани е митско место. Населбата е суптилна психолошка пајажина во која луѓето беспрекорно се натпреваруваат во својот уметнички дух“. Ова се зборовите на некогашниот новинар, а сега автор, Мишо Китаноски од Вевчани, кој за ТВМ, ја отвори својата душа.
Вевчани е населба со четири уникатни карактеристики и три нишани. Се започнува од Културно научната манифестација, „Печалбарски денови“, формирана во далечната 1973 година, од група своевремено млади поети, ентузијасти од Вевчани, со една единствена цел, развој на културата на Вевчани. Претседателот на манифестацијата Сашо Бетоски, вели дека Мишо Китаноски е човекот кој е заслужен да се врати духот на манифестацијата која 13 години стагнирала, за да годинава повторно се издигне на заслуженото ниво. Додава, дека гордост е да се работи со вевчанецот Китановски, личноста во чија што душа е вграден духот и пулсот на Вевчани некогаш и денес.
„Г -динот Мишо Китаноски е еден од основачите на Културно Научната Манифестација која претходно не нагласив имаше пауза од 13 години од за нас како културни работници од Вевчани неразбирлива причина, од некои за нас што си ги нарекуваме медиокритети и ние собравме сили со сопствени средства без ничија помош да ја обновиме и ја обновивме и стоиме на тој пат“-вели Бетоски.
Мишо Китаноски, новинар во пензија, родум од Вевчани е интересен и мошне инспиративен соговорник. На некој начин тој е полн со мистерии за родното место. За дел од нив несебично го отвори срцето и проговори. Сака да ги сподели со јавноста, ценејќи дека има работи за кои досега никој не чул, а треба да ги знае. „Вевчани е митско место и по многу нешта е бренд за Македонија“, вели Китаноски. Додава, дека Вевчани е населба која има карактеристики што ги нема ниту една градска и селска населба во Македонија, по што се гледа значењето на местото.
„Вевчани е единствена населба што има два манастири со исто има Св Спас горни и долни. Објавени се два речници на вевчанскиот говор што не е случајно да го има некое село и град. Постоењето на 20 писатели од вевчани кои имаат објавено 97 оригинални наслови“-раскажа Китаноски.
Китаноски вели дека Вевчани е максимално отворен простор за сите добронамерници. Тој проговори и за трите нишани на населбата, кои постоеле многу одамна и смета дека добро е сите да слушнат за нив.
„Вевчани има три од памтивек од кога е светот и векот нишани. Тоа е плачи костен под Октиси, плачи круша кај Добовјани и плачи камен кај ливадите лабунишки. До таму нашите најмили ги испраќале роднинит на печелба-вели Китаноски.
Китаноски проговори за уште многу значајни работи за Вевчани. Но сепак според него голема болка на душата му е денешницата, посебно тоа што не вродувааст со плод напорите кои ги прават за развојот на руралниот туризам во Вевчани. Китаноски во тој контекс нагласи дека нивната цел е светот да слушне за вевчанската туристичка приказна, како тие би имале поголема инспирација за монографијата која ја подготвуваат за гостари и гостарки во Вевчани.
„На сите туристички агенции во Охрид им испративме писмо во кое до буква стоеше ова, „КНМ на сите туристички агенции без ниту еден денар ги моли и нуди туристички водич за евчани доколку носат туристички групи. Но за жал и за нивна страм никој не побара од нас помош“-кажува Китаноски.
Китаноски за крај, на претседателот на Културно Научната Манифестација „Печалбарски денови“, Сашо Бетоски, му остави еден вид аманет. Да ја навезе приказната за Вевчани, бидејќи тоа е човекот које е на вистинскиот пат да го направи тоа.
{loadposition content9}