Skip to main content

Жената во центарот на вниманието на годинешниот „Ден на срцето“

Се мереше крвен притисок, а се правеше и бесплатно ЕКГ, целта-да се зголеми свеста кај граѓаните за полезноста од превентивното делување и здравиот живот.

 |  Мишел Наумоски  | 
merenje pritisok
мерење притисок

Бесплатни кардиоваскуларни прегледи на плоштад. Продолжува традицијата на вакво одбележување на Денот на срцето, 29 Септември. Од Заводот за кардиолошки заболувања од Охрид кој го организира овој настан, се одлучиле овој ден да го одбележат една недела порано, но со истата цел.

doktorka pritisok Подигнување на свеста кај охриѓани за полезноста од превентивното делување и запознавање со ризик-факторите за кардиваскуларни заболувања. Ѓраѓаните кои ги затекнавме таму задоволни од акцијата. Ги запрашавме дали практикуваат вакви рутински контроли.

„Не често, не често. Но мислам дека треба почесто да се прават вакви прегледи.“

„Го слушнав тоа преку интернет, ми кажаа децата и дојдов да направам и подобро би било секогаш да има вакви прегледи. Баш ми е мило што секој вака има можност да се прегледа. Има стари луѓе што не можат да дојдат до ваков преглед.“-велат дел од нив.

Директорот на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, Д-р Никола Бакрачески смета дека охриѓани се навистина добро едуцирани во областа на кардиоваскуларните заболувања. Во овогодинешната акција тие фокусот повеќе го насочуваат кон жената.

den na srceto„Во центарот на вниманието на овогодинешната акција, односно на Светскиот ден на срцето е жената, пред се во смисла на тоа дека жената-мајка треба да биде активен чинител во процесот на чување пред се на сопственото здравје, во смисла на намалување на ризик-факторите кои може да доведат до кардиоваскуларни заболувања и како таква, во исто време жената треба да се грижи и за здравјето пред се на своите деца и на останатите членови на семејството.“-рече Д-р Никола Бакрачески-Директор на Завод за кардиоваскуларни заболувања-Охрид.


 Д-р Бакрачески задоволен од големиот одзив на граѓаните. Тој смета дека едукативните материјали кои ги поделија на плоштадот, во голема мера ќе придонесат за добивање на основни предзнаења на граѓаните околу можностите за превенција.

Вели намалувањето на ризикот од овие заболувања се сведува на контролирање на ризик факторите како пушењето, покачениот крвен притисок, покачените нивоа на холестерол и шеќер во крвта како и најновите ризик-фактори како што се физичката неактивност и се поголемата гојазност кај пациентите и стресот.

Инаку за бесплатните ЕКГ прегледи и мерења на крвен притисок тие запишале преку 150 граѓани кои ќе ги добијат овие основни тестови, а доколку биде потребно, тие ќе бидат и преупатувани на дополнителни анализи во Заводот за кардиоваскуларни заболувања.

{loadposition content9}