Консултативна средба на ВМРО- ДПМНЕ
На охридскиот совет му престојат жешки теми. Тоа ќе го наметнат советниците на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, во интерес на јавното добро на сите граѓани на општината, а не само на поединци и групи, најавија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ
Консултативни средби помеѓу охридските советници и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ. Оваа средба е во насока да се зацврсти добро проверената пракса, координирано делување на локално и централно ниво околу бранењето на интересите на Охрид, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој додава дека интересот на Охрид е сериозно нарушен од узурпираното мнозинство во Советот бидејќи одлуките кои се носат во Советот не се во интерес на граѓаните туку се бранат личните интереси на поединци.
„Тие одлуки допрва штетно ќе се чуствуваат во Охрид. Ние сакаме да направиме пресврт во тоа, да го застапиме јавниот интерес и во таа насока наредниот период сакаме да потенцираме неколку важни елементи кои во Охрид ќе треба да се случуваат и да предложиме неколку и економски и структурни теми кои ќе треба во наредниот период ги имплементираме во Охрид“-рече Паноски.
„Актуелните теми кои се од животно значење за охриѓани се наш приоритет за решавање“, вели пратеникот Харалампие Шокароски од ВМРО -ДПМНЕ. Тој потенцира дека во периодов што следи ќе предлагаат иницијативи да ја разбудат подзаспаната Локална самоуправа и уште еднаш да докажат пред граѓаните дека проблемите се решаваат плански.
„Од едната страна субвенционираните гости кои што преку тур операторите ги субвенционира Владата на Р М и се носени воглавно во поголемите угостителски капацитети како што се тоа хотелите видовме покачување на бројот на странски гости и поголеми девизни приливи. Од друга страна кај домашните станоиздавачи видовме една катастрофална туристичка сезона каде што 90% од капацитетите без празни“-појасни Шокароски.
И пратеникот Александар Николовски се осврна на денешната консултативна средба со охридските советници. Си кажавме се што работиме ние во парламентот а и советниците кажаа се што работат во Советот. Едно е заедничко одговорноста на делувањето од двете страни, изјави Николовски. Тој најави новина во работењето на Советот, се разбира после локалните избори.
„Во следниот период Советот ќе е местото каде што ние ќе го презентираме сето она што планираме да го работиме во градот следните 4 години после добивањето на локалните избори се со цел да има време да се издебатира целата таа работа во јавност значи ќе ги отвараме прашањата преку совет да имаат можност граѓаните да ги слушнат и да дадат свое мислење“-истакна Николоски.
Николоски одговори и на неколку прашања надвор од денешната тема на средбата. На прашањето околу изборот за кандидат за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, тој рече дека досега сите информации кои што се пласирани околу тоа, се шпекулции кои се далеку од вистината. Николоски категоричен дека сеуште нема кандидат за градоначалник и процесот на кандидирање ќе оди во рамки на законски предвидениот рок. Додаде дека нема да одат по стапките на СДСМ кои што немајќи што друго да работат, се занимаваат со кадровски прашања, а единствено што прават е предлагање на кандидати за градоначалници.
{loadposition content9}