Skip to main content

„Македонија во Втората светска војна“

Прво претставување на најобемната историска хронологија  „Македонија во Втората светска војна“.

 |  Николоска Биљана  | 
makedonija
македонија

„Македонија во Втората светска војна“. Ова издание на нашиот медиум го бележи своето прво претставување, нагласува редакторот на овој научен труд професор Владо Иваноски. Тој заедно со сега покојната Вера Весковиќ-Вангели, кажува дека со работа од 6 години и многу вложен труд, успеале да ја објават најобемната историска хронологија за Вардарска Македонија.

vojna„Идејата за ова дело кај мене и кај мојата колешка, како соработници на институтот за национална историја на Македонија тлееше многу време за да во 2000 година отпочне нејзината реализација“,„Значи основната цел нас ни беше што пообјективно да ги одбележиме по наше мислење најинтересните и најважни проблеми, настани и личности кои се сочувале во текот на Втората светска војна на територијата на вардарскиот дел на Македонија“-вели проф. Иванов.

Младите се помалку се интересираат за најновата историја, од причина што во самите програми и планови во процесот на сите степени на образованието во Македонија историјата како предмет е се помалку и помалку застапена, потенцира проф. Иванов. Додава дека точно заради тоа  многумина не се информирани за случувањата во текот на Втората светска војна.

kniga„Јас минатата година за 13 ти ноември кога е ослободено Скопје имаше онака ат хок една анкета на плоштадот во Скопје и прашуваа, Денеска е 13 ноември дали знаете кој ден е тоа. Многумина од нив и повозрасни и помлади не знаеа што е тоа. Чинам дека едно вакво издание може да ја дополни празнината што се чуствува во образовниот процес.“вели проф. Иванов.

Книгата за најобемната историска хронологија била готова и рецензирана уште во 2005 година, но поради немање на финансиски средства истата не била објавена. Таа е објавена кон крајот на 2010 год благодарение на Министерството за образование и наука, посебно на заинтересираноста на министерката за култура, која обезбеди средства за печатење на првиот том кој е достапен за сите заинтересирани, вели проф. Иванов.
„Македонија во Втората светска војна“ содржи 4 илјади хронолошки одредници и истата е збогатена со дополнителни прилози, факсимили од поважни документи- партиски, воени и окупаторски, карти, скици, како и именски и географски регистри. Редакторот проф. Иванов има материјали и за вториот том за истиот период кој се однесува за случувањата од втората светска војна на територијата од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија.

{loadposition content9}