Охриѓани, заменете ги возачките дозволи
Истекува рокот за замена на старите возачки дозволи со нови биометриски.
Охриѓани она што не успеаа да го направат во рок од цели 5 години ќе се обидат да го завршат во следниве 5 дена. Оттаму и гужвите за заменување на старите возачки дозволи со нови, биометриски. Во службите на СВР Охрид, денвно се регистрираат и повеќе од 150 поднесоци, информира Стефан Димоски портпарол на СВР од Охрид.
„Тоа значи дека значителен број од граѓаните не ја имаат направено оваа законска обврска односно не ги имаат заменато старите со нови биометриски возачки дозволи. Оттука е зголемениот број на поднесоци со кои се соочува нашата служба имаме гужви пред просториите каде се наоѓа службата за замена на возачките со нови биометриски“ објаснува портпаролот Димоски.
Инаку имплементацијата на законoт за издавање на биометриски возачки дозволи започна во 2007 година. Тогаш, во окотомври месец беше даден рок од 5 години за целосна замена на старите возачки дозволи со нови биометриски, меѓутоа ние дури во текот на овој месец се соочуваме со зголемен број на барања, објаснува Димоски.
„На оние лица кои веќе го отпочнаа процесот на замена ќе им бидат издадени соодветни потврди со кои тие ќе може да потврдат дека во тек е процесот на замена, но верувам дека сообраќајната полиција ќе покаже одредена толерантност кон граѓаните кои веќе имаат поднесено барање“, додава Димоски.
Димоски објаснува дека понатака барањата по електорнски пат се проследуваат до МВР, а оттаму не е голем периодот од нивното процесуирање и враќање на истите до СВР Охрид и трае од 5-7 дена. Тој потенцира дека доколку рокот не се испочитува одредени санкции ќе има, но и толеранција од страна на сообраќајната полиција. Инаку рокот за замена на старите возачки дозволи со нови биометриски е заклучно со први октомври.
{loadposition content9}