Skip to main content

Сцената зад света Софија која наликуваше на онаа од приказната со заспаната убавица, веќе ја нема

Обраснатиот парк во бршлен и грмушки зад Св. Софија, се чисти. Ќе биде пријатно катче за посетителите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
cistenje
чистење

 

Се подготвува ново пријатно катче за охриѓани и гостите. ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работи на расчистување на просторот позади црквата Св. Софија. Овој дел од градот кој со години беше обраснат со бршлен и грмушки сега ќе биде добро уреден парк со осмислени содржини. Ќе има клупи каде ќе се одмараат намерниците, рефлектори и канделабри за осветлување на просторот во кој ќе има патеки од трева и декоративни грмушки кои ќе се наводнуваат со прскалки. Ова место ќе биде собиралиште и на децата.cistenje

Во моментов во паркот се поставуваат инсталациите за струја и вода. Трајан Љаткоски, раководителот на паркови и зеленило вели дека ова е продолжение на хортикултурните зафати кои веќе подолго време ги прави ЈП комуналец, а не е начин за прибирање поени поради престојните локалните избори како што велат некои граѓани.

Љаткоски кажува дека не застануваат тука. Досега хортикултурно го уредиле просторот кај Билјанини извори, на улицата „Јане Сандански“ и кај бараките каде со помош на Локалната направија и детски игралишта. За брзо време ќе се уреди и просторот кај саат кулата. Таму веќе е започнато со расчистување . Се чека Локалната да ги асвалтира патчињата кои водат до таму па да се доуреди просторот. Планирано е да се направи детско игралиште кое и тоа како им недостасува на децата од овој дел на градот. Дел од зафатите се прават со пари од Комуналец , а дел со пари од Локалната.

{loadposition content9}