Skip to main content

Обемна седница на струшкиот Совет

Рано е да се дискутира за менување на имињата на улиците и објектие во општина Струга, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. Но сепак треба да се дискутира за неколкуте прекршувања на законот од мултиетнички карактер, сметаат од оваа политичка опција.

 |  Николоска Биљана  | 
merko
мерко

 

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Советот на општина Струга побараа информации по однос на низа прашања од мултиетнички карактер. Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ јавно праша што прават инспекциските служби во локалната, кога пред очи им стои незаконски исправена табла пред  населено место во месноста Шум, како и за тоа што се случува со официјалната веб страна на општината која се ажурира само на албански јазик.

sednica„Бараме информација од инспекциските служби за поставувањето на нелегалната табла пред село Шум со која се крши законот за јазици и се предизвикува етничка тензија. ВМРО – ДПМНЕ е против секое кршење на законите и уставот на Р Македонија и бара од надлежните општински органи да постапат согласно истите. Ажурирањето на интернет на страницата која што ја одржуваат службите при општина Струга требба да биде двојазична едноставно ажурирањето на податоците не се врши на македонски јазик, туку само на албански“-вели Затуроски.

Градоначалникот Рамиз Мерко, смета дека спорната табла не треба да се проблематизира затоа што, според него, во една мултуетничка средина треба да се почитуваат разликите.

 „Оваа година прославуваме 100 години од албанското знаме и независност. Треба сите да се научиме дека секој го почитува своето и треба да го почитуваме и ние од различни етникуми и од соседите. Тоа е барање на граѓаните од месноста и мислам дека не треба да се проблематизира“-рече Мерко.

Сомнителни се и последните вработувања во Локалната, според Славица Секулоска,  советничка на ВМРО – ДПМНЕ.

sednica„Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ исто побара информации од службите и градоначалникот да ни дадат за сите вработувања кои се извршени последаната година, за да ја видиме и првичната слика дали новите врабнотувања се со застапеност на сите етнички заедници прополционално“-истакна Секулоска.

Секулоска на прашањето на новинарите дали се вработени деца на советници, рече, „наше е да добиеме информација од релевантните а јавноста сама да процени во веродостојноста на истата“.
Во врска со  вработувањата во општината, градоначалникот Мерко пак, смета дека не направиле пропуст, но остави простор да проверат, како би излегле со точна информација. Мерко ги отфрли обвинувањата дека имало политички пазарења во врска со вработувањата во општината, рече ниту имало такво нешто ниту пак ќе има.

Иако на денешната седница се најавуваше расправа во врска со промена на имињата на улиците и на другите објекти во општина, тоа не се случи.  Јулијана Зуноска од ВМРО – ДПМНЕ вели дека по однос на ова прашање јасен е ставот.

„Ние како комисија зазадовме став дека ова како прашање сеуште не едоволно образложено, не е сработено за да се стави на седница. Нашиот став не е променет ВМРО – ДПМНЕ шест месеци пред одржување на локални избори нема да оди со поставување и отварање на вакви прашања и не подржуваме одлуки за менување на имиња на улиците во овој период“ -вели Зуноска

Градоначалникот на Струга во врска со преименување на улиците и објектите во општината, смета дека таа точка е отворена, е расправано со општинската комисија и ќе се оди со таа идеја до крај, без оглед дали тоа  некому му одговара или не. Според Мерко она што не и треба на Струга се имиња на улици и објекти на непостоечки поими како што е тоа ЈНА, Пролетерски бригади и.т.н.

{loadposition content9}