Skip to main content

Пропустите во проектот излегоа на виделина, обвинува Петрески

На раскрсницата, кај Булевар Туристичка и Јане Сандански во близина на Мини Маркетот, пропадна асфалтот и се појави огромна дупка.

 |  Валентина Неловска  | 
dupka
dupka

На раскрсницата, кај Булевар Туристичка и Јане Сандански во близина на Мини Маркетот, пропадна асфалтот и се појави огромна дупка. За среќа, избегната е несреќа од големи размери. Екипи од Секторот за патишта и комунален развој при локалната самоуправа од рано утрово работат на санирање на оштетениот коловоз.  Местото го посети Градоначалникот Александар Петрески со стручни лица од локалната. Криминалниот и нестручно изведен проект за поставување на атмосферска  канализација во 2002 година е причина за големото оштетување, обвини Петрески.  

dupka„ Криминалот е што работата не е направена квалитетно, а преку Проаква општината е задолжена  4 милиони евра.  Значи се работи за подобрување на водоводот каде што се ставени цевки со помала дебелина на ѕидовите од тоа што е платено и запишано во проектот. Наместо цевките да се со дебелина од 10 мм се ставани цевки од 6 мм. Од тие причини цевките не можат да го издржат притисокот и пукаат.“

Со овој проект, во 2000 година општина Охрид се задолжи со 4 милиони евра, и наместо да добие  нешто има изгубено дополнителни средства, рече Петрески. На овој дел се главните цевки со фи 1000 за прибирање на дождовната вода. Но, две цевки при поставувањето не се поврзани и дождовницата наместо во цевките го подјадувала земјиштето под асфалтот и однела 6 до 7 кубици земја. За нестручното поставување на  канализацијата и дождовната вода, од општината  реагирале  до највисоките институции, информира Петрески.

dupka„ Целава работа ја имаме дадено до финансиската полиција да ја работи. На средба со Премиерот го известив и побарав ревизија на целата работа. Наместо да се откријат сторителите и да одговара тој што зел пари, по тој основ ни ги  блокираат сметките на општина Охрид,  Струга и Проаква“.

Петрески  нагласува дека постојано се соочуваат со слични пропусти во различни делови од градот каде што е поставена  канализационата и дождовната мрежа. За поправка на штетите и повторно асфалтирање општината трпи  штета од неколку милиони евра, укажа градоначалникот. Петрески  очекува дека и во иднина ќе  се појавуваат вакви слични  дефекти на улиците низ Охрид.  

 

{loadposition content9}