Се гради, се асфалтира, се поправа
Локалната интензивно работи на инфраструктурата во градов. Дали се исполнува планот и програмата или пак избори се ближат.
70 километри асвалтна мрежа, 40 километри канализациона мрежа, 15 километри водоводна мрежа како и голем број поплочени тротоари, се податоците со кои се пофали Локалната кога станува збор за инфраструктурните зафати кои ги прави низ градов. Граѓаните се сведоци дека во последно време многу интензивно се работи па и оние улици и населби кои години наназад немаа канализациона и водоводна мрежа, ниту пак асвалт, а граѓаните живееа како во 19-ти век, сега влегоа во 21ви. Но, дел од нив се прашуваат дали тоа е затоа што се ближат избори и се потребни гласови.
Од секторот за сообраќај и комунален развој велат дека нема никаква политичка позадина во нивната работа.Тие кажуваат дека штом се подобриле временските услови веднаш се зфатиле за работа. Уште во јуни започнале со реализација на кружната раскрсница на улицата Асном. Извршиле комплетна санација на улицата Ариф Мустафа, започнале со реализација на проектот за санација на улицата Мите Богоеваски каде се работи на изградба на атмосверска и канализациона мрежа по што ќе следи целосно асвалтирање на улицата. Завршиле со тампонирање на неколку улици во населбата Железничка. Во долно Лакочереј започнале проект за санација на два краци на главната улица во должина од 2 километри. Го завршиле и кракот на улицата Прилепска каде 15 домакинства кои не биле приклучени на канализациона мрежа се приклучиле. Конечно и зградите во болничкиот комплекс ќе се приклучат на канализациона мрежа.
Следен зафат на кој ќе се работи се кружните текови на пресеците Туристичка со улицата Бистрица и со улицата Абас Емин. Од Локалната велат дека ќе се работи се додека дозволуваат временските услови.
{loadposition content9}