Камп на мултикултурата
Во Охрид се одржува камп на мултикултурата. Неговата цел е учениците од сите етнички заедници присутни во Македонија преку едукативни и социјални активности да се поттикнат на меѓусебна интеракција и комуникација.
Министерот за образование и наука Панче Кралев, денес во Охрид. Тој ги посети учениците и наставниот кадар во кампот на мултикултурата, кој од 29 ти септември годинава се оддржува во хотел „Метропол“, во Охрид. Целта на проектот е да се промовира интегрираното образование во Р. Македонија, рече министерот за образование и наука Панче Кралев. Додаде дека кампови од ваков тип за прв пат се организираат во земјава и очекува проширување на иницијативата и на регионално и пошироко ниво.
„Тоа што го видов овде морам да кажам дека сум импресиониран, така да вакви кампови се планирани уште два до крај на годината. Верувам дека ова е вистински начин да се промовира интрегрираното образование и тоа што се случува овде го отсликува начинот на образованието во Р. Макеоднија и е слика за тоа како треба да се одвиваат образовните дејности“-истакна Кралев.
Учениците од разни етнички групи кои се застапени во Македонија, со позитивни впечатоци за кампот на мултикултурата. Добро се дружеле меѓусебе, запознале и други култури, а некои од нив си пронашле и симпатија.
За се она што деновиве го совладеле учениците заедно со професорите кажа асистентот на проектот Грамоз Шабани. Тој потенцира дека децата имаат најчиста душа и не знаат за поделба и разлика меѓу нив.
„Во текот на кампот се предвидени неколку типа на активности каде децата меѓу себе се запознаваат, ја запознаваат религијата на другите обичаите, јазикот, културата, како и запознавање на децата не само со врсници од нивните оптини туку со врсниците од другите општини“-рече Шабани.
На кампот кој го реализира Министерството за наука и образование со поддршка на норвешката Амбасада, учествуваа 98 ученици и 16 наставници припадници на сите етнички заедници од Македонија од 24 основни училишта од 8 општини. Кампот на мултикултурата ќе трае до 05. октомври годинава.
{loadposition content9}