Skip to main content

Достоинствена работа

Мали плати, несигурност на работното место, стравот дали ќе се преживее денот, неделата или месецот како и грубиот и надмен однос на дел од работодавачите се само дел од околностите кои не обезбедуваат достоинствена работа.

 |  Николоска Биљана  | 
sindikati
синдикати

Достоинствена работа е работа која овозможува добар живот. Генерално земено во нашава земја не може да се каже дека имаме достоинствена работа, велат од Унија на Автономни Синдикати на Македонија. Претседателот на УНАСМ. Слободан Антовски признава дека вината лежи во нив и дека синдикатите во земјава мора да преземат заеднички активности во справување со проблемите со работниците посебно кога се работи со терминот достоинствена работа.

sindikati„Недоволната плата која што ја има во Македонија, несигурноста на работното место, стравот дали ќе се преживее месецот, денот, неделата, мобингот на работното место, надмениот однос и груб однос на работодавачите не важи ова за сите, фокусот го ставаме на текстилните работници каде што има страшно лоши услови за работа“-вели Антовски.

Проблемот со достоинствената работа не се јавува само во Македонија туку и во многу други земји од ЕУ. Затоа мора да се бориме против ваквата појава, вели референтот за образование и обука од Европска заедница за работнички прашања- ЕЗА, Норберт Клаин.

„Достоинствената работа значи имање соодветни приходи, плата, работење во соодветни работни услови и имање можност за издржување на своето семејство како имање и социјално осигурување и мора да бидеме сигурни во однос на нашата сегашна и идна перспектива во животот какои справување со сите предизвици кои ни ги носи животот“-објаснува Клаин.

unasmДелувањето на локално ниво во справување со проблемот со достоинствената работа се состои во теренска работа вели Благоја Иваноски од УНАСМ. Тој додава дека и во Охрид и Струга има низа прекршувања од страна на работодавачите во делот на обезбедување достоинствена работа на работникот.

„Наша должност е тие да ги регистрираме и да преземаме активности да се анимираат инспекциските служби и разните институции кои се надлежни за решавање на таквите проблеми. Сите сме сведоци дека има многу такви примери и за скоро време јавноста ќе биде информирана за формирањето на мобилни тимови за овој реон и ќе бидеме постојано на терен и ќе треба да даваме извештаи за таквите активности“-истакна Иваноски.

Иваноски истакна дека од досегашната теренска работа која е спроведена на реонот Охрид -Струга, шумските работници, како и луѓето кои работат во овчарските фарми, работат во најлоши услови, кои според него се нечовечни и нецивилизирани и таму ќе мора да се делува заедно со надлежните институции.

{loadposition content9}