Општината не надлежна за осветлување на патниот правец кон Албанија
Сите институции се оградуваат од одговорноста за замена на оштетените електрични канделабри поставени на магистралниот патен правец што води од Охрид кон Република Албанија.
Сите институции се оградуваат од одговорноста за замена на оштетените електрични канделабри поставени на магистралниот патен правец што води од Охрид
кон Република Албанија. ЈП Македонија пат, Агенцијата за патишта и Локалната самоуправа тврдат дека тоа не е во нивна надлежност. Од ЕВН побаравме одговор зошто не функционира осветлувањето на овој потег и во чија надлежност е одржувањето на патниот правец. Портапаролот на ЕВН Ленче Карпузоска одговорноста за осветлувањето на оваа делница ја лоцира кај општина Охрид. Со ова не се согласува градоначалникот Петрески иако смета дека патот треба да биде осветлен се до туристичката населба Пештани. Тој укажува на низа пропусти при поставувањето на канделабрите кои светнаа на патниот правец за време на одржувањето на Нато самитот во 2008 година, но се оградува од одговорноста за одржување.
„ Немаме надлежност да го поправаме осветлувањето. Доколку е завршено осветлувањето треба да се предаде со записник за да биде на наш товар, но досега тоа не е направено па осветлувањето не е на наш товар“.
За уличното осветлување пак во градот Петрески смета дека на високо ниво. Завршиле со реконструкција на осветлувањето и останува уште многу мала инвстиција за да се заврши обновата на целото јавно осветлување.
Со престојниот процес како општина се веќе во процедура да го решат јавното осветелување во наредните 15 години.
„ Влезени сме во процес за промена на осветлувањето со диодно осветлувањето и очекуваме трошоците да ги намалиме за околку 80-90 посто од сегашниот трошок.,а при тоа без да се оптоварува општинскиот буџет“, рече Петрески.
Неодмна Советот на општина Охрид донесе одлука јавното улично осветлување да го одржува со помош на јавно приватно партнерство. Оваа одлука беше оспорувана од советниците од опозицијата.
Но, како и да останува граѓаните да видат кога ќе светне на улиците онаму каде што недостасува осветлување.
{loadposition content9}