Skip to main content

Охрид домаќин на конференција на европските туристички училишта

Течат завршните подготвки за одржување на  25 -та конференција на Асоцијацијата на туристичките училишта ивишите школи  од Европа.

 |  Валентина Неловска  | 
sekula batkoski
sekula batkoski

Течат завршните подготвки за одржување на  25 -та конференција на Асоцијацијата на туристичките училишта и вишите школи  од Европа. Од утре до  12 октомври  Охрид ќе биде домаќин на средбата на која  се очекуваат 600-тина гости од 30 европски земји. Организатор  на конференцијата е  скопското  туристичко училиште „Лазар Танев“ , а голема логистика и поддршка има од охридското туристичко училиште „Ванчо Питошески“, информира  директорот на ова училиште, Секула Баткоски.

„ Добро е за Охрид да се донесат гости, а ќе се афримира туризмот, Охрид и Македонија. Сликата за нас ќе биде подостапна за европските ученици и професори“, објаснува директорот на училиштето.
batksoki
Вообичаено на конференцијата на европските туристички училишта  има и натпреварувачки дел. Европските  ученици од туристичките училишта ќе ги покажат своите вештини од 8 области, како што се  готварство, барменство, послужување. Меѓу натперваувачите ќе има  9 – мина македонски  ученици, вели Баткоски.

„ Учениците ќе се дружат меѓусебе, а ќе се натпреваруваат како мешан тим. Екипите за натпреварување ќе бидат составени од ученици од различни земји. Таков е стилот на овие натпреварувања кои се и многу скапи“, вели Баткоски.
 
25-та Конференција на асоцијацијата на трустичките училишта од Европа  ќе биде свечено отворена утре во Спортско рекреатвиниот центар„Билјанини извори“. Натпреварувачкиот дел, пак  ќе се одржува во хотелите Метропол и Белви.
Мината година домаќин на Асоцијацијата на туристичките училишта и виши школи од Европа беше Хаг, Холандија.

{loadposition content9}