Skip to main content

Започнуват градежните зафати на комплексот Плаошник

Конечно ќе започне возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. Најден е нов најповолен изведувач и се е договорено за реализација на овој мега проект.

 |  Јаковлева Лионела  | 
plaosnik
плаошник

За една недела започнуват градежните зафати на комплексот Плаошник. По двегодишно тапкање во место, работоте
конечно ќе мрднат од мртва точка.

Новиот изведувач охридската фирма Митан Пром ќе треба да го реализира проектот онака како што беше замислен. Проектот „Плаошник“ предвидува околу 23 објекти во кои ќе бидат сместени конзерваторска школа, универзитети, музеј со археолошки наоди, библиотека со околу 100.000 наслови, а се предвидува тука да биде седиштето на галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, монашки простор наменет за свештени лица, афилијации на светски универзитети, како и Светикиментовата градина како место за одмор и креативна инспирација. Станува збор за комплексен зафат  со почетна проценета вредност од околу 9 милиони евра. Светиклиментовиот универзитет на Плаошник е предвидено да заврши до 2014 година. plaosnik
За дел од стручната јавност и за Локалната ова претставува мегаломански проект, кој ќе го задуши просторот каде што сега се наоѓа „Светиклиментовата црква“ и многубројните археолошки остатоци од минатото. Од таму велат дека со овие градежни зафати во стариот дел на градот, механизацијата ќе оштети многу улици и подземни инсталации што општината треба да ги поправа. Од Завод и музеј смируваат дека со зафатите воопшто нема да се наруши секојдневниот тек на живеење на варошани ниту пак ќе се оштети патната инфраструктура. Планирано е да се направи заобиколен пат по кој ќе се движи механизацијата, а ќе се протега од паркингот кај Горна порта па нагоре по цитаделата.
Само да потсетиме дека пред две години хрватската компанија „Конструктор инженеринг“ го доби тендерот за изведувач на градежните активности на Плаошник со најдобра понуда.  Но, Управата за заштита на културното наследство го раскина договорот за реализација на проектот  со оваа фирма, бидејќи изведувачот, според Управата, не доставил банкарска гаранција во договорениот рок, не постапувал според забелешките на Надзорниот орган и не исполнил повеќе обврски, меѓу кои се и ненавременото почнување на реализација на проектот и негово неоправдано одолжување.

{loadposition content9}