Четири години празни ветувања
Новиот плоштад на местото на некогашната библиотека кој требеше да биде изграден уште пред четири години, не е ни започнат. Како што информираат од Локалната самоуправа сеуште се чека Завод и музеј да го заврши проектот за да почнат активностите околу уредување на просторот кај Долна порта.
И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште тогаш започнаа реализација на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор.
Вие знаете дека Советот изгласа и изградба на споменик на Христо Узунов кој ќе биде поставен токму на ова место. Постојано сме во комуникација со директорката на Завод и музеј , но секогаш го добиваме истиот одговор дека проектот ќе биде завршен за 15 дена, вели градоачалникот Александар Петрески.
Пред изготвувањето на проектот Завод и музеј изработи заштитно- конзерваторски основи за урбанизација на ова место. Со нив беше предвидена реконструкција на јужната кула од Долна порта и дел од периметралните ѕидови од подградието на Самоиловата тврдина кои што се протегаат се до улица Коста Абраш, односно до приобалниот дел.
Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали- Бунташеска информира дека се работи според програма, а изработката на проектот е во завршна фаза.
Инаку за потсетување, зградата на библиотеката беше срушена пролетта 2008год. по што набрзо требаше да се изгради новиот плоштад. Работите доцнат четири години. Остранува да видиме со кое темпо сега ќе се реализира изготвениот проект.
{loadposition content9}