Во Охрид и Дебрца евидентирани се 600 социјално загрозени семејства
По повод Светскиот ден на гладта и Неделата на борба против гладта, Црвениот крст спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените семејства. Од охридската организација апелираат сите кои можат да донираат дел од своите парични средства бидејќи тие се многу малку за нив, но многу значат за социјално загрозените семејства.
Во Охрид и Дебрца евидентирани се 600 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст.
Кај нас постојано доаѓаат луѓе кои бараат помош, некои од нив и не се евидентирани во списоците на Центарот за социјална работа поради строгите критериуми. Доколку сме во можност им даваме еднократна помош, вели Мимоза Ставрева од општинскит Црвен крст.
По повод Светскиот ден на гладта и Неделата на борба против гладта, Црвениот крст спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените семејства. Волонтерите на Црвен крст веќе една недела се на терен и вршат продажба на вредносни купони со симболична цена од 20 денари.
Во овие акции на Црвен крст вклучен е и корпоративниот сектор. Околу 300 компании добиваат флаери во плико на кои се наоѓа жиро- сметка на фондот на солидарноста на Црвен крст Македонија. Од Охридскиот Црвен крст апелираат сите кои ќе ги примат флаерите да донираат дел од своите парични средства кои се многу малку за нив, но многу значат за социјално загрозените семејства, вели Младен Младен Божиновски, младински координатор во општинскиот Црвен крст.
Хуманитарните пакети со храна до социјално загрозените семјства од Охрид и Дебрца предвидено е да се дистрибуираат на почеток на ноември. Десетина маркети и две- три компании секоја година донираат средства или продукти за оваа ранлива категорија на граѓани. Веќе се подготвени пакети за 100 семејства, но од ЦК се надеваат дека ќе се приберат средства и за останатите на кои тоа има е потребно.
{loadposition content9}