Skip to main content

Трговците со луѓе делуваат на нов начин

НВО „Езерка “-Струга, Меѓународениот ден за борба против трговија со луѓе, го одбележаa во главниот град. Од таму се вратија охрабрени и како што информираат, стапуваат во поагресивна борба против ова зло на денешницата.

 |  Николоска Биљана  | 
trgovija so luge
трговија со луге

НВО „Езерка“- Струга активни во борбата против трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е присутен проблем кој што не може да се искорени но мора да се ублажи, потенцира Драгица Павлеска Попеска од оваа организација. dragicaТаа додава дека загрижува фактот што Македонија од земја на транзит, стана земја на потекло, посебно, со млади личности од источниот во западниот дел на државата.

„Претежно жртвите на трговија со луѓе се до 14 години, бележани случаи од околината на Велес и Кочани во западните делови на Македонија. Но има уште една појава против која Езерка се бори со превенција и едукација заедно со „Отворена порта“ и УНАСМ, а тоа е за сузбивање и регистрација на жртвите на трговија со луѓе во градежниот сектор кој е доста присутно, во земјоделскиот текстилниот и туристичкиот тука се врши злоупотреба на трудот“-потенцира Попеска.

Павлеска истакна дека во борбата против трговијата со луѓе, тие настапуваат пред се превентивно и едукативно, но според сознанијата од терен, трговците го менуваат начинот на делување.

trgovija so luge„Во гарсониери, луксузно опремени станови, салони за разубавување тоа е на ниво на Македонија, а штом го има во Македонија сигурно ги има и во Струга веќе ги нема оние обележани објекти каде што се вршеше трговијата со луѓе“-вели Попеска.

Една од причините која допринесува трговијата со луѓе како бизнис да цвета, е проблемот со невработеноста, социјалната состојба, како и недоволната едукација на младите околу нивниот нереализиран сон како до вработување надвор од државата посебно во Италија, вели Попеска. Додава, дека според анализите направени на државни ниво се намалува процентот на манипулација со луѓе, но дека мора многу да се работи посебно со младата популација, родителите, дисфункционални семејства и ризичните категории  луѓе. Сторителите на кривичното дело трговија со луѓе тешко се докажува и од НВО „Езерка“ -Струга, бараат поригорозни казни за нив.

{loadposition content9}