Skip to main content

Европски ден на граѓанската правда

Основниот суд во Охрид го одбележа европскиот ден на граѓанската правда, 25 октомври. Претседателот на судот Милчо Клишески вели дека одбележувањето поминало во знакот на отворен ден за граѓаните, со цел да дознаат како да ги остварат своите права, што како практика ја применувале не само денес туку постојано.

 |  Николоска Биљана  | 
sud
суд

kliseskiЕвропски ден на граѓанската правда. Основниот суд во Охрид денес по повод 25 октомври денот на правдата, од 12 часот ширум ги отвори вратите за граѓаните, медиумите и сите заинтересирани, за да се запознаат со можностите за остварување на своите права. Првиот човек на охридскиот суд, Милчо Клишески, вели одбележувањето се прави со отворени денови во судовите, на кои граѓаните можат со доаѓање на судски рочишта, преку непосреден контакт со претседателот да се запознаат со работењето на судот и функционирањето на правосудниот систем во земјава. Но ваквата практика Клишески ја спроведува постојано не само на денот на одбележувањето.

„Според судскиот деловник и според распоредот на работа приемен ден е понеделник во Основниот суд во Охрид, меѓутоа јас како претседател на судот практикувам секој ден да биде приемен ден за да можат граѓаните со мене во непосреден контакт да ги изнесат своите проблеми како би можел јас да се ангажирам во рамките на своите надлежности и допринесам за решавање на нивните проблеми“-вели Клишески.

sud„Заедно со граѓаните треба да работиме на стекнување на цврста доверба во правото и правосудството“, вели Клишески. Додаде дека граѓаните имаат забелешки за работата на некои судии но  настојувале заеднички да ги отсатранат истите. Клишески  откри за што најмногу охриѓани се обраќаат до него.

„Пред се се работи за лични работи, за лични судења кај што луѓето имаат конкретни имотно правни спорови и најчесто за тие спорови се обратуваат“-изјави Клишески.

Клишески вели дека континуирано работат на нивната основна цел, намалување на приливот на судски предмети и враќање на довербата кај клиентите преку носење на правилни и законити судски одлуки. Во моментов имаат кадровски дефицит од еден судија, но  според претседателот на судот, поради тоа не трпи работата во охридскиот суд бидејќи речиси и да немаат заостанати предмети.

{loadposition content9}