Објавена монографија за животот и работата на Д-р Никола и Софија Незлобински
Промовирана Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“, од авторите Д-р Стојан Ковачески и историчарот Проф Д-р Марјан Димитриевски.
Промовирана Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“, од авторите Д-р Стојан Ковачески и историчарот Проф Д-р Марјан Димитриевски. Оваа книга е за брачниот пар Незлобински кои на почетокот од 20 век емигрираат во Кралството СХС за после неколку години да добијат преместување во Струга. Д-р Никола Незлобински е првиот лекар во овој град кој се зафатил со сузбивање на маларијата и останатите заразни болести кои коселе низ населението на овие простори. Бил иницијатор за изнаоѓање на чиста вода за пиење, мелоризација на блатото и сузбивање на ларвите на комарците. Неговата стручност, добрина и посветеност кон Струга и незјините жители сеуште се паметат. Неговата сопруга Софија, имала огромна заслуга за напредувањето на културниот живот. Била професорка по француски и руски јазик и музика. Основала хорско пеење во градот и давала часови по пијано, раскажува д-р Стојан Ковачески.
Доктор Незлобински во 1929 година го добива признанието почесен граѓанин на Струга. Во 1940 година за посетителите ја отвора музејската поставка со која Струга се гордее и денес. Доктор Незлобински, ненадејно умира во 1942 година во Струга, а неговата сопруга, професор Софија умира 11 години после нејзиниот сопруг.
Промоцијата на Моногарфијата предизвика силен интерес кај стружани и охриѓани, а најчест коментар на посетителите беше дека Струга како град и по 75 години од неговата смрт не најде доблест да именува една улица во градот, за се одолжи на големото дело и заслуга на д-р Никола и професорката Софија Незлобински.
{loadposition content9}