Остра реакција од струшкиот Музеј за Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“
Денешната прмоција на Монографијата посветена на „Д-р Никола и Софија Незлобински“ беше повод и за остра реакција од директорот, на Националната установа Музејот „Д-р Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски.
Денешната прмоција на Монографијата посветена на „Д-р Никола и Софија Незлобински“ беше повод и за остра реакција од директорот, на Националната установа Музејот „Д-р Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски. На прес конференција Цветкоски упати обвинување до авторите дека присвоиле документи, материјали, фотокопии и факсимили сопственост на НУ.
„ Објавувањето на оваа книга, факсимилите и материјалите се сопственост на Музејот и дел од неговиот легат. Авторите ни ги присвоиja и објавија без довола на Националната установа и стручниот колегиум на институцијата, иако знаеја дека се подготвува сеопфатна Монографија за Никола Незлобински, во издаваштво и редакција на Музејот. Овој чин го сметам за кражба и рушење на угледот на националната установа Никола Незлобиснки“, кажа Цветкоски.
Авторот на монографијата Д-р Стојан Ковачески го негира ваквото обвинување упатено на нивна адреса. Точно е дека користев нивни материјали, но со дозвола од директорот и стручните соработници за што сум им благодарен, вели д-р Ковачески.
„ Цветкоски ми соопшти дека откриле нови документи , но книгата веќе беше отпечатена. Сугерирав, може да ги објавите како втор дел кој ќе е допринос за културата и историјата на Струга и Македонија. Јас ќе се радувам на новиот матертијал, а може и по таа книга ќе има нови документи, тоа е процес и ќе е комплимент за оние кои ги чуваат тие документи. Ние имавме писмен пред договор со Музеј, легален, потпишан од Музејот, а јас жалам што настана застој во соработката“, изјави д-р Ковачески.
Музејот во Струга, кој го чува и негува споменот на Никола Незлобински и како носител на сите авторски права на материјали поврзани со овој брачен пар, го осудува овој чин и најaвува преземање на на законски мерки за негово санкционирање, децидно соопшти на прес конференција директорот на Музејот, д-р Сашо Цветковски.
{loadposition content9}