Бурна 52 седница на совет
На мени пред советниците извештаите за работа на јавните претспријатија.
Предлог Одлуките за усвојување на Извештаите за работата на јавните претпријатија за периодот од 01.04. до 30.06.2012 година, пред охридските избраници. Советнокот од ВМРО ДПМНЕ Величе Маркоски реагира на приложениот извештај од ЈП Билјанини извори. „Финансискиот извештај на приходи и расходи е толку оскудно даден што неможам да го прифатам како извештај“, вели соетникот од ВМРО ДПМНЕ Маркоски.
„Извештајот е даден комплетно, и текстуално и со графинони. Имаме воведен дел финансиски извештај и пишува за секоај стапка пооделно. пишува од што се направени приходите“, објасна претставникот на ЈП Гордана јованоска.
Во одбрана на работата на ЈП застана и градоначалникот Александар Петрески. Тој вели дека ова ЈП се разликува од другите Јп, затоа што овде нема монопол, туку има обратен монопол, затоа што своите капацитети бесплатно ги дава на спортските екипи во Охрид.
Советниците денеска дискутираа и за финансискиот Извештајот на МЈП “Проаква” Охрид РЕ “Водовод” Охрид.
„Дали намалувањето на загубата е заслуга на намалување на инвестиционите трошоци што е недозволиво за едно ЈП, а од друга страна е забележливо ззголемување на трошоци, прашува советничката од ВМРО ДПМНЕ Јованка Дамеска.
„Се сложувам со вас дека немаме крупни инвестициони зафати, номи не се сложувам затоа што покрај стабилизирањето кое ни беше главна цел на фирмата го постигнавме“, вели директорот на МЈП Златко Старкоски.
„ Се сложувам дека немаме крупни инвестициони. Но имавме зафати кои многу значат“, вели директор на МЈП Проаква, Златко Старкоски.
И извештајот на ЈП Нискограба трн воко за советниците од ВМРО ДПМНЕ. „Во однос на извештајот мислам дека тоа е еден од најфингираните извештаи. Она што досега го правеше проаква сега го прави Нискогрдба. Никаде нема трошоци кои треба да бидат прикажани, и со тоа лажно се прикажуваат добивки“, вели советничката од ВМРО ДПМНЕ Јованка дамеска.
Спротивно на ова директорот Владо цветкоски вели дека Во овој нпериод ЈП успеало да направи градежни објекти кои чинат над 2 милиони денари. Имаме и ново набавени основн средства во вредност од милион денари, се пофали Цветкоски. Тој додава дека ЈП има намалување на вработените за 33 % спрема мината година што се должи на фактот што водоинсталатерите кои беа превземени од водовод се вратија назад.
Советниците дискутираа и колку е оправдано постоењето на ЈП Погребни услуги , кога не ја врши основната работа за која е формирано.
Ни Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид, не помина без забелешки. Советницие од ВМРО ДПМНЕ прашаа како може целата добивка на претпријатието да се користи за плати и паушали. И Предлог Одлуките на ЈП “Градски Гробишта” како и ЈП “Охридски Комуналец” не поминаа глатко. Се на се може да се каже дека она што за едните е успех, за другите незнаење во менаџирањето на ЈП.
{loadposition content9}