Skip to main content

Локациите за поставување контејнери – градски проблем

Локациите за поставување контејнери се почесто станува градски проблем.

 |  Валентина Неловска  | 
kontejner
kontejner

Несовесни граѓани ги  поместуваат  поставените контејнери  во зависнот од нивната лична проценка дали им смета поставениот  сад за одлагање на отпад или не, нагласува раководителот на комуналната инспекција, Танас Танасоски. Таквиот начин на поместување е недозволив, но за да се надмине оваа појава потребна е интервенција од  секторот за урбанизам,  напоменува Танасоски.

„За поставување на садовите за подигање смет треба да се донесе  урбанистички план. Со него ќе се прецизираат локациите каде да се  постават садовите за смет. Сега имаме голем проблем со местото каде да се постават“, укажува Танасоски.

kontejnerКомуналите инспектори и редари покрај поместувањето на контејнерите се почесто се среќаваат и со нивно оштетување и палење. Многу од граѓаните од различни причини не ги пријавуваат овие појави. Во скоро сите делови од градот има несовесни лица кои  не го почитуваат и го прекршуваат  комуналниот ред,  вели Танасоски.

„ Комуналниот ред мора да се почитува. Има време кога се подига сметот, но многу од граѓаните го одлагаат сметот кога нив им одговара без при тоа да водат сметка за времето на подигање предвидено од страна на ЈП Комуналец. Тогаш вината паѓа на несовесноста на граѓаните“, појаснува раководителот  на општинскиот  инспекторат.

Инаку, ЈП Комуналец обезбедува доволен број на контејнери кои се поставуваат на различни локации во градот. Што се однесува пак до физичките лица и станбените комплекси кои се градат, контејнерите за  одлагање  колективен смет, се должни да ги набават и постават сопстевниците и инвеститорите кои градат од ЈП „Охридски комуналец“.  

  {loadposition content9}