Skip to main content

Во „Сонце“, студи

Иако името на струшшката градинка е „Сонце“, децата во неа изложени на студ. На ваква состојба реагираат родителите  кои воедно и јавно прашуваат, „кој ќе ја сноси одговорноста поради ваквата загрижувачка состојба и како надлежните планираат децата да продолжат со престој во установата во зимскиот период“.

 |  Николоска Биљана  | 
gradinka
градинка

gradinkaДецата од струшката градинка немаат греење. Станува збор за објектот „Сонце“ од ЈОДУГ 8 ми Март. До нашата редакција се обратија загрижени родители кои не само што забележаа дека децата во градинката престојуваат без огрев, туку посочија на низа други проблеми  поради кои објектот се наоѓа во катастрофално лоша состојба. Тие бараат одговорност поради таквата состојба.

„Покрај тоа што градинката се наоѓа во очајна состојба, кровот е стар, мувла има насекаде, зидовите паѓаат, тоалетите се распаѓаат паркетот е во страшна мувлосана состојба и во целата оваа трегедија значи иако е започната сезоната на греење градинката „Сонце“ сеуште нема парно. Значи дечињата се изложени на комплетен студ. Иако се ваѓаат од таму дека има греалки, греалки нема, а тоа и не е решение“

hajrediniРодителите исто така укажаа дека со установата имаат потпишано договор со кој се обврзани редовно да плаќаат надомест за престој на нивните деца, но истиот тој договор има услови кои и градинката треба да ги исполни, а во овој случај тоа не е испочитувано.
ТВМ за проблемите на објектот Сонце информираше во неколку наврати. Но од тогаш па се до денес очигледно не е направено речиси ништо. Директорката на објектот Зуал ….   во кусиот телефонски разговор ни кажа дека од локалната им ветиле оти нафта ќе добијат до крај на неделата. Директорката не пропушти да напомене дека ова не е проблем само во Струга, туку е проблем на ниво на државата.
Но од струшката локална самоуправа  не ветуваат многу. Раководителот на секторот за образование Џеми Хајредини, вели дека воопшто образовниот процес во Струга, е загрозен поради немање на средства за греење. Тие очекуваат нафта од владините резерви, бидејќи како што ги информирале ревизорите од Министерството за финансии, Владата веќе донела одлука за тоа. Но кога ќе се реализира владината одлука со точност никој не може да каже.

{loadposition content9}