Стружани куртулија од поскапување на водата
Струшките советници во рамки на 44 тата седница два дена водеа битка околу предлог одлуката за зголемување на надоместокот за вода за 20 %.
Стружани нема да добијат повисоки сметки за вода. На овој став цврсто застанаа и го одбранија струшките советници на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ПЕИ. Околу предлог одлуката за зголемување на цената на водата два дена во струшкиот совет се одвивала вистинска драма, обвинуваат советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Координаторот на оваа политичка партија Момчило Аврамоски вели дека советниците на седницата се држеле како заложнци без можност да гласаат.
„За една точка гласавме дури по десеттина пати, и воопшто не се успеваше да се донесе одлука. Поради немање на доволно гласови за да помине поскапувањерто на водата од страна на градоначалникот и раководството на Проаква, се чекаа советници, се викаа од дома и повторно кога немаа број седницата беше прекината. Денес истото се повторуваше, на средина на гласање во два акта се прекинуваше гласањето се чекаше нови луѓе за да дојде то поскапување“-вели Аврамоски.
Останавме доследни на нашиот став, против покачување на цената на водата, вели Наташа Пинтоска Беќароска советничката на СДСМ. И за нив како советничка група 44 тата седница била повеќе од напорна бидејќи два дена се дебатирало за една иста работа во една крајно напната и тензична атмосфера.
„Ние претходно советничката група на СДСМ, на координација донесовме став кој што воедно беше и партиски став дека ќе бидеме против покачување на цените со оглед на лошата состојба во која се наоѓаат граѓаните на Струга. За ова покачување не слушнавме доволно убедувачки причини зошто би го направиле тоа и каде би се искористиле тие средства од покачувањето“-вели Беќароска.
Барање за поскапување на цената на водата е поднесено од страна на раководниот тим на МЈП Проаква-Р.Е Струга. Дел на советниците сметаат дека со поскапување на цената на водата нема да се надминат финансиските проблеми со кои се соочува ова ЈП и сметаат дека треба да се промени нешто во раководењето со таа институција. Како и да е, струшките советници малку се подскараа меѓу себе, разговараа на повисок тон, но сепак круна на седницата беше еден хуман гест на градските избраници кои едногласно кранаа рака за одобрување на средства од струшката локална самоуправа во висина од 180 000 илјади денари за лекување на Јован Колоски.
{loadposition content9}