Струга не напредува во областа- урбанизам
За разлика од Охрид, советот на о.Струга едвај носи предлог одлуки за урбанистички планови.
За разлика од Охрид, советот на о.Струга едвај носи предлог одлуки за урбанистички планови.
Додека во Охрид експресно се носан предлог одлуките на урбанистичките планови, во Струга тоа не е пракса. Општинскиот совет одамна нема изгласано одлука за детални урбанистички планови. Општина Струга има сериозен проблем со напредокот во оваа област. За споредба во текот на оваа година во Охрид се донесени над 40-тина урбанистички планови што не е случај со Струга, која нема донесено ниту половина. Градоначалникот на Струга, отценува дека урбанизмот во Струга не може да го постигне зацртаното ниво, поради бариерите на централната власт во изминативе 3 години. Донесувањето на урбанистичките планови го отежнуваат, како што вели Рамиз Мерко, дополнувањата и правилниците кои се носат речиси секој месец.
„Досега било пракса што туку ќе се заврши целата процедура за деталните планови, тогаш се носат нови правилници и треба од почеток да се повтрои цела процедура.Ако се почне по старите правила и прописи треба да се заврши на истиот начин а не само се воведуваат нови правила“-вели градоначалникот Рамиз Мерко.
Тој додава дека тоа што во изминатиов период урбанизмот стои во место е веќе планирана политика од централната власт. Очигледно е дека без соодветна инфраструктура градот губи во туризмот, а тоа беше и целта на претходното раководство на владата , вели градоначалникот. Доколку ни се одобруваа ДУП за уредување на крајбрежјето, тогаш тоа позитивно ќе се одразеше на привлекување на уште поголем број туристи, смета првиот човек на Струга.
„Ако еден маркет е добро опремен со производи тогаш ќе има повеќе промет и муштерии за разлика од друг маркет со помала понуда. Иста е ситуацијата и во туризмот, што подобра инфраструктура тоа повеќе гости“-додава Мерко.
Градоначалникот се надева дека урбанизмот во Струга ќе напредува. Очекува позитивни резултати и соработка со централната власт, сега кога ДУИ е дел од составот.
{loadposition content9}