Споменик за писателот Ванчо Николески
Охрид да му се одолжи на писателот Ванчо Николески со подигање на споменик, предлагаат од Здруженито на акцијаши „Брег на младоста“.
Охрид да му се одолжи на писателот Ванчо Николески со подигање на споменик, предлагаат од Здруженито на акцијаши „Брег на младоста“. Ванчо Николески е автор на 30 романи, поеми и раскази со кои во национални рамки и пошироко се издигна и себе си, но и градот Охрид како непресушна културна ризница, напоменува Зоран Стевоски, претседател на Здруженито. Иницијативата ја поткрепува со фактот што годинава се навршуваат 100 години од раѓањето на писателот и 50 години од објавувањето на романот „Волшебното самарче“. Споменикот ќе биде едно признание за неговиот книжевен опус, вели Стевоски.
„ Преземаме иницијатива која ќе ја доставиме до Советот на Локалната самоуправа и Градоначалникот да стават акцент за одбележување на датумите поврзани со писателот Ванчо Николески. Да донесат одлука и за изградба на споеник за писателто кој својот литертаурен опус го насочи кон младата генерација, напоменува Стевоски.
Членовите на ова здружение кое во земјава е единствено покренуваат и други активности. Во планираните дејности за идната година им е покренување иницијатива за доделување на просторот кај хотел Магнус . На овој простро некогаш бил лоциран кампот на младинските бригади учесници во работната акција , кажува Стевоски.
„Планираме на тој простор повторно каде што завршивме да почнеме со организирање на меѓународен камп со млади од земјава, соседството и од Европа. Целта е дадат свој допринос и да научат нешто за себе, за културните, националните и религиските вредности“.
Неодмна, во Белград присуствувала делегација на охридското здружение „Брег на младоста“ на средба на некогашните акцијаши каде што одлучиле идната средба да ја одржат во Охрид. Во нашиот град ќе ја донесат и платформата за заедничко дејствување. Здружението на акцијаши „Брег на младоста“ планира од идната година да организираат работни акции за средување на плажите на потегот од Канео до Подмоље, како и да се вклучат во изградба на Дримскиот базен кој е меѓународен проект.
{loadposition content9}