Наместо во својот двор, некои охриѓани ѓубрето го фрлаат кај комшиите
Депонија на ул. Гоце Делчев бр. 156.
На несовесни граѓани пракса им стана ѓубрето наместо во својот, да го одлагаат пред ќуќата на комшиите. Ристо Карадимчески раскажува дека за овој проблем се обидува решение да најде веќе две години, но освен ветување од надлежните органи, нама ништо друго.
„Алармирав до надлежните инспекции за проблемов, дојдоа два три пати и ми рекоа требало јас да ги сликам луѓето навечер што ќе го фрлат ѓубрето и да му однесам документи. Сликав јас двајца ги однесов таму и до ден денеска ништо. Еве баш овие куќи од сокачето целото ѓубре го фрлаат кај мене“, вели Ристо Карадимчески.
Карадимчески објаснува дека најмногу смет има во понеделник спроти вторник и во среда наспроти четврток, денови кога поминува возилото на ЈП Охридски Комуналец. Тој неможе да свати зошто жителите на Гоце Делчев сметот не го одлагаат во контењерите поставени неколку метри подолу, или не го остават пред својата куќа, туку пред неговата.
„Разговарав со сите луѓе. Имаше некои се впуштја и да ме тепаат. Образложение, не ми сметало овде и немало потреба да се крева тука ќе го фрлале. И еве и ден денес така е“, додава Карадимчески.
Тој барајќи излез проблемот го пријавил и во СВР Охрид, од каде го преупатиле излез да бара во комуналниот инспекторат при локалната самоуправа. Тој е крајно разочаран затоа што до ден денеска освен ветувања од надлежните, излез на проблемот сеуште нема.
Во интерес на вистината контактиравме и со раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски. Тој во телефонскиот разговор ни кажа дека е добро запознаен со случајот, дека прекршителите на законот им се добро познати. Танасоки тврди дека против нив веќе поднеле прекршочна пријава.
Контактиравме и со директорот на ЈП Охридски комуналец. Сашо Алче признава дека несовесни граѓани кои го рушат угледот на Охрид има на неколку локации низ градот. Тој вели дека проблем од овој тип нема само на Гоце Делчев, сличен проблем има и на Илинденска кај црквата Св Софија и на три четири локации по туристичка.
„Сега ќе поставиме на местата каде е забрането фрлање на ѓубре освен во деновите каде истиот се собира ќе поставиме камери. На тие несовесни граѓани фотографиите напрво ќе им ги праќаме преку пошта на домашна адреса, а доколку и понатака се однесуваат несовесно ќе мора да покренеме тужба дали ние дали комуналниот инспекторат, но ова мора да престане“, вели Сашо Алче,директор на ЈП Охридски Комуналец.
Алче е категоричен дека мора да се изнајде начин за да се реши овој проблем. Охрид не заслужува да биде заложник на неколку семјства. Тој апелира комуналната инспексија почесто да излегува на терен и најпрво да ги опоменува несовесни граѓани, а доколку повторно нема ефект и да ги казнува.
{loadposition content9}