Охридскиот музеј има недостаток од конзерватори и археолози
Охридскиот Завод и музеј има потреба од конзерватори реставратори и археолози.
Охридскиот Завод и музеј има потреба од конзерватори реставратори и археолози. Во моментов во оваа национална установа во постојан работен однос се двајца археолози и еден конзерватор на текстил. Но, нема во постојан работен однос конзерватор-реставратор на фрескоживописи, икони и мозаици. Директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска потврдува дека на институцијата и се потребни кадри за заштита на културното наследство.
„ Сеуште има недосток од конзерватори. Се трудиме да одговорима колку што можеме. Се надевам ќе има вработување на стручни кадри конзерватори кои завршиле кај нас и во соседните земји. Се надевам дека тие луѓе ќе се вработат и ќе се усовршуваат со тек на времето“, кажува Паскали Бунташеска.
Во регистарот на Агенцијата за вработување се евидентирани 4-ца дипломирани сликари конзерватори – реставратори и еден графичар со конзервација и реставрација. Работа бараат и 7-мина дипломирани археолози. Министерството за култура веќе подолго време на местото на стручните кадри кои заминуваат во пензија нема согласност за вработување на кадри од Министерството за финасии. Некои од дипломираните сликари конзерватори чекаат и повеќе од 10 години работен анагжман. Стручните лица за заштита на фреско -живописот, иконите, мозаиците велат дека е потребна континуирана заштита. Најчесто овие лица се ангажираат со договор за вршење на повремени работи на проекти, исто како и археолозите.
Одговор за овој проблем побаравме од ресорното министерство. На нивниот став за тоа кога и дали ќе го решаваат овој проблем чекавме четири дена за на крај да се огласат со штура информација. Во нивниот одговор за овој сериозен проблем стои дека Заштитата на културното наследство е активност од нивен посебен интерес и е постојана грижа на Владата на Република Македонија, на Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство. Информираат дека во подготовка е сепофатна анализа на состојбата на недостаток на стручен кадар во установите од областа на заштитата на културното наследство. Нема ни збор за состојбата во Охрид.
Добрите познавачи на состојбите во оваа сфера нагласуваат дека заради недостаток од стручни кадри во вода падна и поделбата на НУ Завод и Музеј на две засебни институции. Остана нереализарано барањето од Министерството за култрура од пред 6 години да се формира Завод за заштита на културното наследство како регионален конзерваторски центар за охридско-струшкиот регион и Музеј кој требаше да се занимава исклучиво со музејска дејност.
{loadposition content9}