Skip to main content

Модна ревија на учениците од Христо Узунов со фустани од хартија

Покрај еколошкиот елемент, децата воедно и учеа за тоа колку е важна заштитата на животната средина.

 |  Мишел Наумоски  | 
modna revija Hristo
модна ревија Христо

Учениците од ОУ Христо Узунов се приклучија во големата еколошка акција која охридските основни училишта ја спроведуваат по повод Светскиот ден на акцијата и на еко-училиштата. Собираа отпадна хартија и пластика, за од нив да успеат да направат фустани, шапки и костими. Децата, заедно со нивните родители, баби, дедовци и предметни наставници, ја употребија својата фантазија, па со изработените модни парчиња, организираа и убава ревија. Еве што ни кажаа дел од нив:

ekoloshka modna revija„Мене многу ми беше лесно, три дена ги збиравме овие.“

„Мене ми беше лесно да ги собирам отпадоците и сакав да направам фустан и го направив.“

„Ние сакавме да кажеме се што може да се направи од хартија и да не се фрла хартијата.“

„Мене ми беше лесно бидејќи јас сакам да собирам хартија, а некои несовесни луѓе таа хартија ја фрлаат наместо да ја рециклираат и вака како нас да направат фустани.“

Предметните наставници и целото училиште и повеќе од задоволни од сработеното. Велат имавме три огромни вреќи за собраните отпадоци кои децата успеаа два пати да ги наполнат. Но додаваат дека покрај интересната ревија, децата имале и што да научат.

„Самата еколошка свест се гради уште од најмали ноза, а со самото тоа што ја градиме еколошката свест кај децата, се развива еколошката свест и кај родителите. Значи тоа е едно взаемно, поврзано, училиште, семејство, ученици.“-вели координаторката на акцијата во основното училиште Христо Узунов, Јулијана Шишоска.

Инаку отпадоците кои учениците од ОУ Христо Узунов успеаа да ги соберат изминативе три дена ќе бидат однесени во отпад, а за надоместокот кој ќе го добијат, ќе бидат набавени производи за хигиена кои ќе се користат во самото училиште.

{loadposition content9}