Skip to main content

Надлежните се подготвуваат за почетокот на зимската сезона

Денес го одржаа работниот состанок на кој разговараа за приоритетите, како и предизвиците со кои се соочуваат во овозможувањето на безбедна патна мрежа.

 |  Мишел Наумоски  | 
lanci oprema
ланци опрема

Надлежните служби за одржување на патната мрежа и овозможување на безбедност во сообраќајот, денес го одржаа редовниот состанок за презентирање на предвидените мерки за работа во текот на сезоната 2012/2013. Овој состанок кој го организира Секторот за внатрешни работи од Охрид е во очи зимската сезона која официјално започнува на 15ти Ноември. Една од целите на состанокот е и ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика.

zimska oprema „Во рамките на разговорите што се водеа и дискусиите на овој работен состанок, имајќи ги предвид и искуствата од претходната година, може да се заклучи дека делумно нема да бидат исклучени нивни искажувања во поглед на материјално-техничките средства, опременост и опремата со која располагаат, нивната застареност, но изразено е дека истите ќе бидат ставени во што е можно најрасположливи можности за да се доведе пред се уреден, безбеден и непречен сообраќај, имајќи ги во предвид отежнатите услови во оваа престојна зимска сезона.“-вели командирот на полициската станица за безбедност во сообраќајот, Страшо Миленкоски.

Претставниците од ЈП Македонија пат, сметаат дека овој состанок навреме се свикува. Велат како директни учесници во одржувањето на патиштата на подрачјето на Охрид и Дебрца веќе ја имаме изготвено оперативната програма по која ќе дејствуваме во престојниот период.

sostanok zimska oprema„Согласно најавите дека временските прилики ќе бидат сигурно ако не идентични, дури и посложени оваа зима од минатата која што беше навистина една од најјаките зими досега и според тоа и обврската наша за дотурот на абразивни средства  кои се потребни за одржување на патиштата, благовремено ќе бидат дистрибуирани до секција Охрид.“-рече Јован Митрески, раководител во ЈП Македонија пат.

Митрески додава дека Македонија пат е задолжена за одржување на околу 115 километри патна мрежа, а оваа година за разлика од минатата, тие ќе пристапат кон одржување и на крак од магистралниот пат А2, односно патниот правец Ботун-Брежани.

За овој крак, Митрески вели, минатата година имавме проблем бидејќи беше исклучен од програмата за одржување, но годинава наидовме на разбирање кај Агенцијата за државни патишта па и овој крак е вклучен во програмата. Надлежните служби велат дека се готови, па подгответе се и вие. 15ти Ноември се ближи па побарајте си ја зимската опрема за вашиот автомобил.

{loadposition content9}