АД „Жито леб“ ги отвори вратите за посета
Во рамките на Светската недела на квалитет АД „Жито леб“ практикува да ги отвори вратите на производствените капацитети.
Во рамките на Светската недела на квалитет АД „Жито леб“ практикува да ги отвори вратите на производствените капацитети. На тој начин купувачите може да видат каде се произведува она што секојдневно го конзумираат, лебот и печивата. Денес вратите на пекарската индустрија беа отвоени за децата од ЈДУ Јасна Ристеска, клонот Лихнида. Децата на возраст од 3 и 4 години страмежливо кажаа што најмногу сакаат од печивата на Жито леб.
Во АД „Жито леб“ многу се вложува, се е реновирано и е воведена автоматизација на целото производство, вели директорот на прозиводство, технологот Горан Андоноски. Постојано се мисли на купувачите, се задоволуваат вкусовите и на најпребирливите потрошувачи и постојнао се воведуваат нови асортимани на производи.
„ Мислам дека сме ретка фирма во државата што работи 24 часа. Моментално работиме две смени со производство на смрзната програма и кори, а ноќното производство е резервирано за стандардните печива и лебот. Со производите на Жито леб се снабдува цела Македонија преку маркетите, а функционираат и бројни млечни рeсторани“, укажува Андоноски.
АД „Жито леб“ има сертифициран Хасап производствен систем и дозвола за извоз на нивните производи. Присутни се на сите саеми за пекарство во Европа и светот, нагласува Андоноски. Со постојаното вложување во компјутеризација на производството и на зголемувањето на производстениот асортиман, од Жито леб планираат проширување во околните соседни земји како што се Србија, Косово, Албанија.
„ Имаме капацитет за производство на 80.000 парчиња леб, но во градот функционираат пекари каде што работниците не се осигурани и работат на црно, а нема ни Хасап систем. Се сретнуваме со нелојална конкуренција и не можеме да ги искористиме сите расположливи капацитети за производство на леб и печива“, појаснува директорот на производство, Андоноски.
АД „Жито леб“ е фирма која успешно работи и постојано вработува, а не отпушта работници, додава Андоноски. Во АД „Жито леб“ работно се ангажирани околу 200 работници. Во Скопје се отворени 16 млечни ресторани, а во Охрид 5.
{loadposition content9}