Skip to main content

Општината ќе ги помага социјално ранливите охриѓани

Со парични олеснувања општина Охрид ќе ги помага ранливите категории  охриѓани.

 |  Валентина Неловска  | 
општина
општина

Со парични олеснувања општина Охрид ќе ги помага ранливите категории  охриѓани. Наскоро ќе им ги надополнува давачките за сметки на трите општински јавни претпријатија Проаква, Комуналец и Нискоградба. Висината на субвенцијата за трошоците за комунални услуги ќе биде во висина од 600 денари. Од овие средства 300 денари се предвидени  за сметките за потрошена вода за пиење, и по 150 денари за сервисните услуги за ѓубре и канализација.  Општината само на  овој начин може законски да им помогне во  ублажување на  издатоците на граѓаните кои се наоѓаат во потешка социјална состојба, информира Серафим Наумоски, од Локалната самоуправа.

„ Имавме поголем број индивидуални барања од граѓани кои не се во можност да ги подмират обврските кон другите потреби, но и потребите за плаќање на сервисните услуги кон општинските  јавни претпријатија, “ го објаснува потегот на Локалната самоуправа, Наумоски.
губре
За оваа поволност може да се пријават  корисниците на парична помош од материјална необезбеденост и невработеност, постојана парична помош, стечајците и инвалидизираните лица со најмалку 70 посто инвалидност . Од општината очекуваат апликации од околу 1500 граѓани, според податоците од Центарот за социјални работи и Агенцијата за вработување.

„ Ние како општина сме подготвени постојано да го субвенционираме овој надоместок. Имаме обврска кон оваа категорија граѓани да им помогнеме и да видиме колкав број апликации  ќе  пристигнат. Тоа ќе биде мерило и за наредниот буџет за 2013 година“, кажува Наумоски.

Јавниот повик за поднесување на барања за субвенцијата на трошоците за комунални услуги започна од вчера, а ќе трае се до 22 ноември. Подносителите на барањата покрај потврдата за социјалната положба  од Центарот за социјални работи и агенцијата за вработување, треба да бидат жители на Охрид, државјани на РМ и корисници на услугите на трите комунални претпријатија.


{loadposition content9}