Дваесетина деца од земјите на поранешна Југославија доаѓаат на гости во Охрид
Основното училиште Св. Климент Охридски интензивно работи на подготовките на кампот „Боите на светлината“ кој треба да се одржи во неделата кога се одбележува патрониот празник на ова училиште, но и на градот.
За прв пат во градов се организира повеќедневен камп на деца од неколку градови од поранешните ЈУ простори. Основното училиште Св. Климент Охридски интензивно работи на подготовките на овј камп кој треба да се одржи од 4 до 8 декември, во неделата кога се одбележува и патрониот празник на ова училиште, но и на градот. Кампот го носи името Боите на светлината, а на него ќе учествуваат деца од четири градови и тоа Пиран од Р. Словенија, Котор Р. Црна Гора и Кикинда и Белград, Р. Србија. Се очекува да пристигнат околу 20 деца заедно со своите ментори. Учениците ќе бидат сместени кај своите другарчиња од ова училиште кои во изминативе години редовно биле поканувани на слични кампови организирани во овие градови, вели Славица Илиќ, директорката на ОУ Св. Климент Охридски. Таа додава дека искуствата кои децата ги стекнуваат при посета на ваквите кампови се од непроценлива вредност. Таму градат нови пријателства, а се запознаваат и со начинот на работа во овие образовни установи. Многу искуства, објаснува Илиќ потоа се применуваат и во нашето училиште.
За овој четиридневен камп се е испланирано до најмал детал, а во организацијата не учествува само училиштето туку и волонтерите на Црвен крст и родителите. Со свои средства потпомогна и Локалната која се погрижи за сместување на менторите.
{loadposition content9}