Мона продолжува со лекување
Малечката Симона Јовеска продолжува по патот до светлината. Телевизија ТВМ минатата година ја отпочна тажната сторија за 5 годишната Симона, која откако е родена сеуште нема прогледано. По Европската очна клиника во Скопје, каде што пред една година и беше извршен преглед, сега во лекувањето на малечката Мона помага и Охридската општа болница.
Охридската Општа болница помага во лекувањето на Симона Јовеска. Таа живее во темница и досега ја нема видено светлината на денот. „Надежта последна умира и се што треба ќе направам моето дете да прогледа и до година да ја пратам на училиште“, вели мајката на Симона, Гордана Силјаноска.
Мајката на малечката Мона живее со надеж дека еден ден и нејзината ќерка ќе слезе пред зградата во која живее да игра со своите другарчиња и да им се радува на боите на денот. Токму таа надеж и дава сила да истрае и покрај својот инвалидитет неуморно да се грижи со голема љубов за своето чедо. Но на оваа мајка на 3 деца потребна и е помош.
Мајката на Мона е самохран родител опстојува само од приходите кои ги зема како корисник на постојана парична помош. Земајќи ги во предвид сите оклнсти за Мона, менаџерскиот тим на општата болница Охрид предводен од директорот Љубен Арнаудов, деновиве им организираа превоз до детска неврологија на дополнителни прегледи. Портпаролот на болницата Др Сашо Василески истакна дека пред се како луѓе, граѓани но и професионалци не смееме да останеме рамнодушни и да не помогнеме доколку некој околу нас има сериозен проблем.
„Со вашиот несебичен ангажман како новинар и како новинарска куќа задоволство ми беше да го прифатам предизвикот ние да бидеме алката на една мала помош на ова мало девојче. Се надевам дека текот на лекувањето ќе биде со успешен крај, нејзината болест е од хроничен карактер така ми кажа клиничкиот доктор за кој ќе треба уште доста дополнителни испитувања и лекувања и мислам дека ќе имаме среќен епилог на се“-вели гласноговорникот на болницата.
Василески се обврза дека до понеделник општа болница Охрид ќе ја овозможи и терапијата за малечката Мона, која во моментов и тоа како и е потребна.
„Ќе обезбедиме медикаментозна терапија која таа треба да ја прима до следниот преглед и се она што е потеребно како лекари и како институција а што сме во можност да помагнаме, ние и воопшто дневно помагаме на нашите сограѓани“-изјави Василески.
Хуманоста е доблест и секој човек на некој начин може да биде хуман. Кога се сака ќе се изнајде вистинскиот начин да се помогне, тоа е она што во моментов и е потребно на малата Мона, на чии кафени очиња и денот и ноќта и се подеднакво темни.
{loadposition content9}