Skip to main content

Електронските дневници не функционираат

Родителите немаат  увид во школскиот успех на нивните деца преку интернет.

 |  Валентина Неловска  | 
дневник
дневник

 Родителите сеуште немаат увид во школскиот успех на нивните деца преку интернет. Современите дневници кој од оваа учебна година се задолжителни за секое училиште во земјава сеуште не се ставени во функција. Директорката на ОУ „Св Климент Охридски“, Славица Илиќ  вели дека при воведувањето на електронскиот дневник се сретнале со неколку проблеми. Се соочиле со тешкотии  во комбинираните паралелки или со  наставниците кои реализирале настава во две училишта. Некои проблеми успеале да ги надминат, но како главна причина ја наведува интернет конекцијата.

дневник„Се случува да нема конекција и достапност до интернет. Имам сознанија дека и другите училишта имаат проблем со  интернет конекција. Додека не се отстранат проблемите наставниците не се во можност да ги пополнуваат дневниците. Некои од нив тоа го прават дома во слободно време, но мислам дека тоа треба да се прави во работното време додека се во училиштето“.

 Електронскиот дневник има за цел да ја подобри комуникацијата меѓу родителите и наставниците. Повеќе од една година наставниците во училиштата  имаа период на прилагодување и на обуки. Покрај електронскиот дневник тие паралелно ги водат и класичните дневници. Секој почеток е тежок вели и советникот за образование при Локалната самоуправа Серафим Наумоски. Училиштата имаат технички проблем никако субјективен, ја појаснува ситуацијата Наумоски.
дневник
„ Сите училишта не се подеднакви има разлика во воведувањето на Е-дневникот од училиште до училиште. Сето ова е врзано со можноста  интернетот да е достапен во секое време. Но, внесувањето на големиот број на податоци наеднаш  ќе преставува проблем и веќе
 има реакции кај наставниците дека не секогаш внесените податоци се внесени и важечки.“

Од училиштата и од Локалната самоуправа се надеваат дека техничките пропусти ќе бидат надминати.  Тие постојано се во конатакт со Министерството за образование и добиваат уверување дека ќе се надмине и проблемот со интернет конекцијата. Се надеваат дека нема да има санкции. Во меѓувреме пропуштениот внес на податоците од изминативе два месеци ќе падне на грбот  на наставниците.

{loadposition content9}