ОК Вмро Дпмне со низа обвинувања до градоначалникот за паркинг просторите
Од ОК на Вмро Дпмне пристигнаа ново-стари обвинувања на адреса од градоначалникот поврзани со стопанисувањето на паркинг просторите.
Од ОК на Вмро Дпмне пристигнаа ново-стари обвинувања на адреса од градоначалникот поврзани со стопанисувањето на паркинг просторите. Она што е очигледно и што ќе биде претпознатлива симболика за овој градоначалник е начинот на кој не се почитува сопствениот збор и ветувањата дадени на охриѓани, рече Никола Митровиќ, портапрол на ОК на Вмро Дпмне на денешната прес конференција.
Иако сите бевме сведоци на неговото признавање дека општината направила катострофална грешка со давањето под концесија на паркинг просторите во Охрид и дека истите ќе бидат вратени под општинска надлежност, до денес, Александар Петрески не покрена никаква постапка за да ги врати паркинзите на општината, ниту пак добивме одговор на прашањата поврзани со паркинзите во Охрид, кажа Митровиќ. Бараат одговор и на други прашања од типот кој има личен интерес од ваквата ситуација.
Портпаролот Митровиќ се прашува дали апелот на охриѓани за прескапите паркинг простори за градоначалникот беа само празни зборови и со признавањето за катострафалната грешка за паркинг просторот Петрески направи предизборна лага и замајување на јавноста.
Со ова кршење на сите институционални норми на Александар Петрески и неговиот губитнички тим се покажува само нивната алчност за полнење на своите џебови на штета на граѓаните и туристите кои го посетуваат нашиот град. Но, на наредните избори граѓаните на Охрид ќе знаат да ги казнат сите овие постапки на Александар Петрески и еднаш засекогаш да го запрат коруптивното и криминално владеење во градот Охрид, напомена во своето обраќање на прес конференцијата Никола Митровиќ.
{loadposition content9}