Штрајкот на лекарите продолжува
Штрајкот на докторите не запира, туку добива на масовност.
Подршка на самостојниот синдикат на клиничкиот центар покрај докторите од заводот за нефрологија ми дадоа и докторите од општата болница од Струга. Лекарите кои штрајкуваат ги прегледуваат само итните пациенти, и оние кои патувале од други градови. На сите останати пациенти доколку состојбата не им е итна прегледите им се презакажуваат за друго денови.
„Имаме учество и на другиот здравствен персонал не само докротите специјалисти, полека се приклучува и другиот персонал. Се штрајкува на работните места“, вели Слободан Ѓеоргиевски, секретар на синдикат на клинички центар.
Штрајкувачите своето незадоволството го изкажуваат во работните денови помеѓу 10. 00 и 10.30 часот. Секој од штрајкувачите на својот работен мантил, ности обележје, поточно соодветни беџ на кој јасно пишува „Јас штрајкувам“.
„Штрајкот ќе трае се до добивање на покана за разговори односно се до постигнување на согласност помеѓу двете страни. Во повеќе градови се штрајкува. Пристапија повеќе доктори од 8 девет града, Штип, Кочани, Гевгелија, Куманово, Охрид и во двете јавни установи од Струга, што значи се прифаќа незадоволството се повеќе и повеќе“, вели Ѓеоргиевски.
Штрајкувачите се категорични дека она што го заслужуваат ќе го бараат до крај. Штрајкот на лекарите започна минатата недела. Лекарите специјалисти бараат укинување на проектот за плаќање по учинок. Министерот и министерството за здравство не го прифаќа штрајкот бидејќи не била прекината работата со пациентите и дека ќе преговара само со гранковиот синдикат.
{loadposition content9}