Skip to main content

Ќе се ревидира тарифникот за јавно емитување на македонска музика на ММИ

Не само тарифникот и правилникот, туку ќе биде разгледувана и валидноста на статутот на ММИ.

 |  Мишел Наумоски  | 
rezija
режија

Владата ќе го ревидира тарифникот ММИ за јавно емитување на македонска музика. Овој контроверзен правилник кој го предложи новоформираното здружение Организација на македонска музичка индустрија или скратено ММИ, од неговото донесување па наваму сериозно оспоруван. По многубројните и бурни реакции од страна на локални и национални медиуми, како и од страна на здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија и други субјекти, Владата на Република Македонија одлучи да изврши негова ревизија. За таа цел тие одредиле дека Министерството за култура треба да формира комисија која ќе ги испитува нелогичностите во правилникот, но токму тука е спорниот момент.

mediumi oprema„Ние како здружение, како ЗПММ, дадовме еден предлог, не ги знаеме правните норми, но има правници кои знаат како тоа оди и да се најде начин тоа да го направи некое независно теко кое што е надвор од власта, а секако надвор од Министерството за култура. Затоа што не гледам како Министерството за култура би се санкционирало или би си ги барало своите грешки. Тргнувајќи од таму дека тие, за тој тарифник дале амин, го одобриле, па сега треба да го ревидираат.“-вели претседателот на Здружението на приватни медиуми на Македонија, Сашо Митаноски.

Остри реакции за овој тарифник имаше и од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија. Тие сметаат дека новата давачка на ММИ, во голем дел се преклопува со давачката која угостителите веќе ја плаќаат кон ЗАМП.

Како дополнителен проблем кој го посочуваат е дека доколку се прифати постоењето на ММИ, Законот дозволува во иднина да се појави на пазарот и друго здружение кое ќе бара воведување на иста или слична давачка. Со овој тарифник засегнати се голем број на дејности и субјекти што всушност е една од причините за бројните реакции.

Sasho Mitanoski„Тоа е здружение на граѓани. Се собрале неколку музичари и формирале некое здружение. Ова прво ќе падне на Уставен суд. Што ако се направат три здруженија на музичари и сите три излезат со свои тарифи. Тоа е прво. Второ читам дека тука се набројани и занаетчиските дуќани, фризерски, козметички салони. Ние не пуштаме музика, ние слушаме музика, ако имаме време.“-рече Сашо Богоески-претседател на Регионалната занаетчиска комора од Охрид.

Слаткарници, бурекџилници, автобуси, занаетчиски дуќани. Според тарифникот би требало да плаќаат од 30 до 1000 евра месечно. Сепак се чини најзасегнати тука се медиумите кои на ММИ ќе треба да му плаќаат и добар процент од својот годишен приход.

„Има голем дел од нив кои се во судски процеси со ЗАМП. Има колеги кои што 2-3 години не можат да ги надмират обврските кон ЗАМП, а сега вие им давате уште еден „нов ЗАМП“, паралелен, а тој две години не може да го сервисира стариот, со извршители. Состојбата е тешка.“-изјави Митаноски.

Она со кое скоро сите засегнати се сложуваат е предлогот да се плаќа една такса кон еден субјект која ќе ги опфаќа правата на музичките изведувачи, авторските права, правата на произведувачите на фонограми.

{loadposition content9}