Skip to main content

Нема децентрализација, а со тоа нема ниту демократија

Децентрализацијата беше најважниот процес кој требаше да се случи во државава, но за жал тој се реализира само на хартија, категоричен е Градоначалникот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
опстина
општина

Процесот на децентарализација тапка во место, тврди градоначалникот Александар Петрески. Без локален развој нема подобар животен стандарад, додава тој. Децентрализацијата беше најважниот процес кој требаше да се случи во државава, но за жал тој се реализира само на хартија, категоричен е Петрески.

Градоначалникот потенцира дека доказ за се поголемата централизација е и тоа што земјиштето кое општината само пред неколку месеци го доби на управување им е одземено пред неколку недели. Зa неговата судбина повторно ќе решава државата.aleksandar petreski „Тоа ме потсетува на национализацијата на земјиштето која се случи  во 1945 до 47 год“., вели Петрески. На овој начин неможе да има локален економски развој  бидејќи во Охрид ќе ни се случуваат работи како што е изградбата на аеродромот на вода, инвестирањето од индиецот Суматра Рој во Љубаништа, а ние на тоа не ќе можеме да влијаеме. И со одземањето на ингеренциите на Општина Охрид во делот на урбанизмот и со прогласувањето на заштитените подрачја, правата што ги добивме во 2007 повторно сму се враќаат на Министерството за транспорт и врски. И заменик претседателот на Собранието на РМ, Јани Макрадули се согласи дека процесот на децентрализација е запрен.

Поранешниот градоначалник на Општина Инџија, Војводина ги кажа нивните искуства од спроведувањето на процесот на децентреализација. Тој кажа дека не било лесно да се добие битката со централната власт, но успеале во своите намери.

Инџија моментално има многу мал процент на невработеност па може да се спореди во тој поглед со Австрија и Чешка. Изградени се голем број училишта, градинки, болници,смалена е корупцијата, подобрена е работата на Јавните претпријатија, а со тоа привлечени се голем број странски компании кои во општината во последните седум години инвестирале  една милијарда евра. Ваквите согледувања беа изнесени денеска на Jавна дискусија на тема Локален развој и подобар животен стандард, во организација на ПРОГРЕС Институтот за социјална демократија и Фондацијата Фридрих Еберт.

{loadposition content9}