Skip to main content

Започна реконструкцијата на спортската сала во Велгошти

Забрзано се  работи врз реконструкција на спортската сала во Велгошти.  

 |  Валентина Неловска  | 
sportska sala
sportska sala

Забрзано се  работи врз реконструкција на спортската сала во Велгошти.   Во моментов се работи  на  ентериерот на салата, а се освежува и фасадата. Агенцијата за млади и спорт ги финансира градежните работи кои се одвиваат според  планот кој што го најави директорот  Лазар Попоски, при неговата посета  на објектот во месец јули. Ставањето во функција на објектот ќе има големо значење за учениците од ОУ Живко Чинго и за спортските екипи. Агенцијата за млади и спорт има склучено договор со општината  и со ОУ „ Живко Чинго“, вели Серафима Наумоски, од охридската Локална самоуправа. Согласно договорот по техничкиот прием општината треба да ја преземе салата и домаќински да стопанисува со неа, напоменува Наумоски.
sala Velgosti
„ Ние имаме обврска по завршувањето на градежните работи и техничкиот  прием да  ја преземе во владение и да ја заведеме салата како инвентар на општината. Една од обврските е да обезбедиме приклучок на вода и одвод  и финансиски да ја осигураме во агенција“, нагласува Наумоски.

Наумоски вели дека градежните работи врз објкетот кои започнале во септември  имаат добра динамика. Она што помалку ги загрижува е начинот на затоплување на салата со оглед на нејзината големина.  Салата има површина од 1211 м 2 и е со капацитет од  500 гледачи и 2 соблекувални.


„ Истата согласно проектот е замислена да има  сопствено греење со електрична енергија. Но, со оглед на фактот што  ние ќе стопанисуваме со објектот финансиски не ќе можеме да го издржиме огромиот трошок за затоплување , правиме напори за изнаоѓање алтернативно греење на објектот“, кажува Наумоски.
Инаку, спортската сала во Велгошти беше изградена и  предена во употреба во 2001 година.  Нејзината тогашна изградба беше пропратена со нерешени имотно правни  проблеми. По повеќе од 10 години беше уништена и руинирана, а Агенцијата за млади и спорт со владиниот проект ја стави во агендата за нејзина обнова.
За реконструкцијата на спортската сала се превидени 20 милиони денари.

{loadposition content9}