Skip to main content

Не престанува потребата од народната кујна

На вратата на охридскиот центар за социјални работи има нови баратели за користење на народната кујна.

 |  Валентина Неловска  | 
kujna
kujna

На вратата на охридскиот центар за социјални работи доаѓаат нови баратели за користење на народната кујна.  Засега бројот на социјално загрозените лица кои ги згрижува државата обезбедувајќи им еден оброк е 80 лица, вели директорот на Центарот Екрем Каљоши.

„ Има нови баратели за користење на народната кујна, но за жал бројот не може да се зголемува. Се надеваме во иднина ќе има повеќе разбирање. Сега измените на корисниците се вршат доколку некој од корисниците го изгуби правото на социјалната парична помош или на постојаната парична помош“, појаснува првиот човек на центарот за социјални работи.  
кујнаНародната кујна во Охрид работи 3 и пол години и храната се подига од  студенскиот дом. Буџетот со кој се финасира народната кујна е лимитиран на  2 милиони денари. Месечно се трошат 190.000 денари за подготвување на еден топол оброк. Од центарот за социјални работи нагласуваат дека за жал мора да водат сметка при изборот на корисниците на народната кујна.

„ Луѓето кои се опфатени како корисници на народната кујна се од различна возраст. Настојуваме корисници  да бидат најзагрозените категории, побројните семејства, самците и возрасните луѓе“, укажува Каљоши.

Во охридскиот центар за социјални работи  состојбите со двете категории на приматели на парична помош, постојаната и социјалната, се менуваат. Бројот на корисниците на постојаната парична помош се зголемува, вели директорот Екрем Каљоши. Пред 2-3 години од 60 корисници,  сега се евидентирани 140 приматели.
Додека пак, бројот на социјалната парична помош се намалува. Од  900 корисници евидентирани пред 2 години во моментов нивниот број е сведен на 415, напоменува Каљоши. Директорот потсетува дека во моментов тече и постапката за обновување на документацијата за остварување на овие две права.

{loadposition content9}