Skip to main content

Каде се парите за јавна чистота?

Каде одат парите собрани од наплатата на давачката за  јавна чистота, прашуваат советниците од ВМРО ДПМНЕ. Нив ги нема во буџетот на Општина Охрид. Директорот на ЈП „Комуналец“ со свое објаснување.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sednica sovet Ohrid
седница совет Охрид

 

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ прашува каде се средствата собрани од наплатата на давачката за  јавна чистота која граѓаните веќе една година му ја плаќаат на ЈП Охридски Комуналец. Тие тврдат дека при анализа на приходната страна на буџетот на Општина Охрид увиделе дека овие средства не се прикажани. Објаснуваат дека како што се прикажани средствата кои ЕВН ги прибира од граѓаните по основ јавно осветлување исто така во приходната страна од буџетот треба да ги има и овие средства. За советниците од ВМРО ДПМНЕ не е јасно зошто Локалната во посебна расходна програма на ЈП Комуналец му одобрила 14 мил денари односно 18 мил денари со новиот ребаланс на буџетот кога ова ЈП од давачката за јавна чистота кој изнесува 60 ден. по домакинство, прибира големи средства, вели советничката Јованка Дамоска- Секулоска.Jovanka damoska


Директорот на ЈП „Комуналец“, пак Сашо Алче објаснува дека средствата кои ги собира ова претпријатие се согласно Законот за Јавна чистота каде е наведено дека Јавните претпријатија кои ја одржуваат хигиената ги собираат средствата во име на општината. Тој кажува дека парите се трансферираат до Лкалната, а потоа таа веднаш ги враќа во Јавното претпријатие.

Инаку, ова прашање беше поставено на претходната седница на Советот на Општина Охрид од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ кои велат дека досега не добиле никаков официјален одговор од Градоначалникот.

{loadposition content9}